ПРВ ДЕН (13.02.2025) Четврток
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (14.02.2025) Петок
Пристигнување во Италија во утринските часови. Бидејки се упатуваме дирекно кон Венеција, застануваме попатно на поголема пауза каде ќе можеме да се освежиме, преоблечеме и појадуваме пред да пристигнеме на бродот кој ќе не одведе кон плоштадот Сан Марко. Започнуваме со разглед на градот со локален водич, Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. По разгледот, се движиме низ улиците на Венеција, уживаме во првичните маски кои ќе се појавуваат од сите страни, ќе уживаме во Отворањето на Карневалите кои оваа година започнуваат со прославата на Сан Валентино, светецот кој ја симболизира љубовта, убавината на животот, уживањето. Во вечерните часови се упатуваме кон хотел. Сместување и ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (15.02.2025) Сабота
Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон Трговскиот центар Noventa di Piave, кој е аутлет на големите познати брендови. Овде имаме неколку часови за шопинг. По шопингот, се упатуваме кон Падова, каде ќе имаме слободно попладне за прошетка низ центарот на еден од најстарите градови во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (16.02.2025) Недела
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Венеција. По многугодишната пауза, токму на овој ден се случува парадата на вода, со многу украсени и шарени бродови, управувани од маскирани луѓе кои преку Гранде каналот и под мостот Риалто ќе го означат официјалниот почеток на карневалите. Слободно време за уживање во карневалскиот дух низ улиците, каналите и плоштадите на Венеција. Во договорено време, групата се собира и се упатува кон автобусот. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
ПЕТТИ ДЕН (17.02.2025) Понеделник
Пристигнување во Македонија околу 13 часот.
ПРОМО ЦЕНА: 199 евра / 12.338 ден
РЕДОВНА ЦЕНА : 239 евра / 14.810 ден