facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

5 практични совети за избирање на аранжманот

1. ДЕСТИНАЦИЈА - Одберете ја својата дестинација според целта на патувањето која што претходно сте ја замислиле. Секако сите имаме свои дестинации кои што многу сакаме да ги посетиме...

,но исто имаме и посебни желби како на пример некои од нас сакаат потопло време додека некои сакаат постудено време. Тоа не значи дека не треба да ја посетиме дестинацијата доколку времето е претопло или преладно, туку треба да го одредиме периодот на посета.


2. УСЛОВИ - Внимателно прочитајте што е вклучено во цената на аражманот, а што НЕ е! Погледнете дали има задолжителна доплата на тоа што НЕ е вклучено во цената (на пример доплата за виза во одредена земја или доплата за задолжителна новогодишна вечера, туристичка такса, патничко осигурување и друго). Исто така внимателно погледнете што е најдобро за патување во таа земја, во однос на документи и здравствени услови (вакцини кои се задолжителни за таа земја).

3. ЦЕНА - Цената е многу важна за сите нас, меѓутоа бидете внимателни која цена Ви е прикажана. Кога споредувате понуди од две агенции погледнете што има вклучено во едната понуда, а што во другата. Може да биде прикажана најниската цена, цена со дополнителни задолжителни доплати или цена за сместување во повеќе креветни соби или економик соби.

4. СМЕСТУВАЊЕ - Погледнете ги сместувачките капацитети кои што ги има во понудата. Разгледајте ги сликите, локацијата и  коментарите на веб сајтовите или фан страните на социјалните мрежи. Одберете си соба според вашите потреби. Избегнувајте ги Економик собите иако имаат пониска цена.


5. ПОПУСТИ - Иако цената е важна и секако би ја избрале најниската цена покрај сите други исполнети услови кои што ги нуди аранжманот, постојат и early booking, last minute попусти или останати попусти. Многу е важно да искористите некој од овие попусти.

 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.