facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

9 Совети што ги знаат само искусните патувачи

Веројатно сакате неколкупати во годината да посетите различни дестинации, а за тоа ви е потребна добра органитација, доколку не сакате да потрошите многу пари.

Затоа внимателно прочитајте ги нашите совети кои ќе ви помогнат за паметно да ги планирате вашите патувања (авионски карти, сместување, пакување и уште многу други работи кои треба да ги знаете).

Резервирајте летови порано и искоритете ги пониските цени.

Најчесто колку порано резервирате толку подобри цени и услови добивате. Секогаш резервирајте во туристичка агенција, бидејќи малкумина знаат дека туристичките агенти во агенциите ги знаат тајните на авиокомпаниите. Тие можат да ги погледнат најниските цени со најдобри конекции и најдобри услови за патувањето. Исто така тие можат да Ви ги понудат попустите за рана резервација за сите аранжмани кои што се движат од 15% до 40%.

Консултирајте се со туристички агенти и собирајте информации!

Како што претходно кажавме, многу е битно да се консултирате со туристичките агенти. Соберете информации во врска со се. Прашајте ги се што Ве интересира и прашајте за совет во врска со патувањето. Искусен туристички агент ќе Ви каже се што треба да знаете. Потсетете се на народната поговорка "Не слушај гаталец, туку паталец".

Бидете флексибилни со датумите кога резервирате лет и сместување

1 ден порано или подоцна може да смени многу во цената. Во повеќето случаи ова е пракса за авиобилетите. Кога ќе проверувате за цена кај вашиот туристички агент бидете флексибилни за +/- 3 денови.

Не заборавајте да ја проверите временската прогноза

Овај совет е многу важен токму за полесно да испланирате период за патување, како и полесно да се спакувате. Доколку знаете дека временската прогноза ќе биди лоша, можете да го променете периодот на патување. Доколку неможете да го променете периодот ќе знаете како да се спаковате.

Бидете флексибилни и во поглед на аеродромите и градовите

Некогаш е поевтино да летате до друг град, па со воз да стигнете до посакуваното место или да смените 2 лета. И за ова е потребно да се консултирате со туристички агенти, бидејќи тие можат да ги погледнат најдобрите конекции на авионски летови, автобуски и железнички линии.

Инсталирајте апликации за патување и користете ги сите бенифити

Постојат апликации мобилните телефони кои што ќе Ви помогнат во текот на патувањето. Претежно апликациите што се со GPS се најупотребувани апликации за време на патувањето.

Пакувајте се паметно!

Секогаш кога се пакувате внимавајте да не зема премногу работи кои што нема воопшто да ги искористите. Одбирајте ги работите кои се неопходни, корисни и практични. 

Направете план во случај на одложување на патувањето.

Патувањето е откажано. Што понатаму? Најчесто патувањата се откажуваат поради недоволен број на патници, поради временски неприлики или поради воен удар. Секогаш имајте план "Б". Доколку Ви го откажат летот, веднаш насочете се на најблискиот град за каде што има лет. Доколку го откажат аранжманот, одбетере некој друг аранжан со сигурна реализација што ќе Ви го понудат во агенцијата.

И за крај не заборавајте да “спакувате” трпение.

Секое патувате може да тргне наопаку, во смисла на откажување или доцнење на лет, дефект на автобус и други работи. Никогаш не заборавајте за "спакувате" трпение!

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.