Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерновреме. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона
ПРОМО ЦЕНА: 169 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 70 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите факултативни посети, освен крстарењето по Езерото Комо која се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Милано
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Миланосоводич (15€)
- Посета на Лугано и Комо (50€)
- Посета на Сирмионе (10€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
- Крстарење по езерото Комо (15€) – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
- Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
Пакетот факултативи од 70 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе
*Факултативата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо
*Факултативната посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!