facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Maria Pashalidou" - Неа Рода

10 Ноќи 11 Дена
цени од 300€

Вилата Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена (постелината не се менува кога смената е на седум ноќевања). Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...

15% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.12.2023

Вила „Maria Pashalidou” - Нea Рода

Термин:

Ноќевања:

1/3 апартман

1/5 дуплекс апартман

26.05-05.06.2024

10

300€ (18.600)

450€ (27.900)

05.06-15.06.2024

10

450€ (27.900)

500€ (31.000)

15.06-25.06.2024

10

500€ (31.000)

650€ (40.300)

25.06-05.07.2024

10

550€ (34.100)

750€ (46.500)

05.07-15.07.2024

10

650€ (40.300)

850€ (52.700)

15.07-25.07.2024

10

700€ (43.400)

900€ (55.800)

25.07-04.08.2024

10

700€ (43.400)

900€ (55.800)

04.08-14.08.2024

10

700€ (43.400)

900€ (55.800)

14.08-24.08.2024

10

700€ (43.400)

900€ (55.800)

24.08-03.09.2024

10

600€ (37.200)

800€ (49.600)

03.09-10.09.2024

7

400€ (24.800)

500€ (31.000)

10.09-17.09.2024

7

350€ (21.700)

450€ (27.900)

17.09-24.09.2024

7

300€ (18.600)

400€ (24.800)

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман без вклучен превоз
  • Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
  • Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…
  • Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.