На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, за Вас имаме 18 термини, од почеток на јуни до крај на септември за лето 2024 на островот Скијатос.
Како сместувачки капацитет кој го имаме на Скијатос е „Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат. Вилата е нова и модерна, а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.
Хотел Белведере 4
Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и рекреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.
Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување
Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап
Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите
Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.
Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.
Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.
Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариас и до градчето ќе најдете голем број на ресторани и таверни.
Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.
Островот Скијатос нуди многу и вреди да се истражи. За вас организираме екскурзии се со цел подобро да се запознаете со островот.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.