facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Spiros" - Агиос Никитас, Лефкада

7 Ноќи 8 Дена
цени од €

Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Опис на регион

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД

Опис на објектот

Вилата е C категорија и располага со двокреветни и трокреветни студија опремени во традиционален стил што подразбира дека се со помала квардатура со ТВ, клима (вклучена во цената), кујна, ВЦ и тераса . Терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море

1/2 студио: два единечни кревети
1/3 студио: еден брачен и еден единечен или три единечни кревети

Цените се по СТУДИО за 7 ноќевања

дата 1/2 студио (2 лица) 1/2+1 студио (3 лица)
11.06-18.06.2024 289 309
18.06-25.06.2024 329 349
25.06-02.07.2024 389 409
02.07-09.07.2024 429 459
09.07-16.07.2024 459 489
16.07-23.07.2024 499 519
23.07-30.07.2024 499 519
30.07-06.08.2024 499 519
06.08-13.08.2024 499 519
13.08-20.08.2024 499 519
20.08-27.08.2024 459 489
27.08-03.09.2024 399 429
03.09-10.09.2024 329 349

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио,
  • Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Користење клима уред 5€ на ден за соба
  • Патничко осигурување
  • Доплата за туристичка такса 1,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Напомена:

  • На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
  • За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
  • Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
  • Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
  • Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
  • Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

Информации; време на поаѓање, град, места на поаѓање, цени до Јонски брег

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ за Јонски брег

време на поаѓање град место на поаѓање возрасен дете 2-12
01:00 Скопје      Дрводекор – трансфер 65 55
01:45 Велес      БП кружен тек – трансфер 65 55
00:45 Штип      Паркинг пред пошта – трансфер до Велес 80 70
03:20 Прилеп      БП Лук Оил – трансфер 65 55
04:00 Битола      Автобуска станица Транскоп – на перон 55 45
03.15 Ресен      Спроти автобуска станица – трансфер 65 55
02:30 Охрид      БП Лук Оил излез за Битола – трансфер 65 55
02.15 Струга      Хотел Дрим – трансфер до Битола 65 55

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на заминување од Грција:

 ЛЕФКАДА
грчко македонско место
13;30 12;30 Агиос Никитас
14;00 13;00 Нидри
14;30 13;30 Никијана
15;15 14;15 Канали
ВРАХОС – ПАРГА
грчко македонско место
14;00 13;00 Врахос
14;15 13;15 Амудија
13;45 13;45 Парга

Релациите во МКД кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10€ по куфер

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.