Информации за програма
1 ден | СКОПЈЕ - МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување или согласно претходно најавено време и пријавување на шалтери за чекирање багаж. Директен лет кон аеродромот "Habib Bourguiba International Airport" лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со нашите локални претставници(српски јазик) и можност за бројни факултативни излети, меѓу кои би ги издвоиле:
1. Целодневна тура - Тунис, Картагина, Сиди Бу Саид;
2. Дводневна тура ни пустински Тунис со спиење во Сахара - џип сафари, камили, оази, римски амфитеатар, Керуан, итн...
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) - СКОПЈЕ
- - -
» Денови на поаѓање: понеделник и/или четврток;
» Авиокомпанија: NouvelAir;
» Релација: Скопје - Монастир (директен лет);
» Времетраење на лет: Окулу 2 часа;
» Време на полетување: Од Скопје рано наутро, од Монастир доцна навечер (задолжителна проверка на времињата пред лет!)
- - -
Транссфери во Тунис (од аеродром “Habib Bourguiba” Монастир, до хотели низ летувалишта)
Времетрањењето на трансферите во Тунис зависи од структурата и бројот на гости во возилата за трансфер (автобусите / комбиња), како и од други непредвидени ситуации поврзани со локалниот сообраќај и состојбата на терен. Затоа истите не може да бидат однапред прецизно дефинирани. Во ситуации кога за одредено летувалиште има помал број на патници, превозот до/од аеродром може да биде организиран заеднички во исто возило (автобус/комбе) со гости од други летувалишта (на пример гости за хотели во Монастир со гости за хотели во Махдија, итн).
Во идеални услови на директен трансфер од аеродромот во Монастир до главните летувалишта, без значајни попатни прекини и скршнувања, времетраењето би било ориентационо како што следува:
» Махдија / 50км - 60км / од 60мин до 120мин.
» Монастир (Сканес) / 1км - 10км / од 10мин до 50мин.
» Сус (и Порт Ел Кантауи) / 15км - 35км / од 45мин до 120мин.
» Хамамет (и Јасмин Хамамет) / од 95км до 120км / од 120мин до 180мин
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром.
» Локална асистенција и услуги на претставници на организаторот и локалниот тур оператор.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Оброк / пијалок во авион за време на летот.
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси - се плаќаат на рецепција во хотелите (8 TND за хотели со 3*, односно 12 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)
» Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни лица на рецепција.
» Директно во нашите канцеларии;
» Во кеш со денарска уплата;
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro)
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки;
» Халк, Силк Банка
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.