facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Хотел "Marin Princes" - Кумбургаз

1 Лице 7 Ноќи 8 Дена
Black Friday Понуда!

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ПО BLACK FRIDAY ЦЕНИ ОД 10.11.2024 - 30.11.2024

6-то лето по ред Ве носиме на најбараната  ХИТ дестинација во ТУРЦИЈА! Резервирајте по промо цени и летувајте 7 или 14 ноќевања во Кумбургаз.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.

Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!  Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.

 

ПЛАН И ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН

Собирање на групата на паркингот на хотел Русија во понеделник околу 19 00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 16:00 часот (локално време)

Check out: 09:00 часот (локално време)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

ВТОР ДЕН

Од причина што Кумбургаз е близу до Истанбул организираме целодневен излет во Истанбул. Еден од седумте денови се оди во Истанбул а програмата е следна:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

БАЛАТ - Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

ГАЛАТА ПОРТ - Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.

Таксим - Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ЧЕТВРТ ДЕН

ШОПИНГ ТУРА

– Капали Чаршија

– Outlet 212

– KOSKA (продавница за слатки работи)

– GLORIA Трговски Центар

 

Хотел Марин Принцес 5*

Хотел Марин Принцес 5* во Кумбургаз е веќе добро познат кај нашите патници. Нуди опуштен и мирен престој и се наоѓа на самата плажа.Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.Собите во хотелот имаат сателитска ТВ и работна маса. Хотелот нуди појадок,користење на спа центар и крпи за на плажа.

Термин: Поаѓање на: Редовни цени: BLACK FRIDAY цени:
03.06 - 10.06.2025 02.06.2025 231 EUR 173 EUR
10.06 - 17.06.2025 09.06.2025 242 EUR 182 EUR
17.06 - 24.06.2025 16.06.2025 256 EUR 192 EUR
24.06 - 01.07.2025 23.06.2025 269 EUR 202 EUR
01.07 - 08.07.2025 30.06.2025 282 EUR 212 EUR
08.07 - 15.07.2025 07.07.2025 295 EUR 221 EUR
15.07 - 22.07.2025 16.07.2025 310 EUR 232 EUR
22.07 - 29.07.2025 23.07.2025 310 EUR 232 EUR
29.07 - 05.08.2025 28.07.2025 310 EUR 232 EUR
05.08 - 12.08.2025 04.08.2025 310 EUR 232 EUR
12.08 - 19.08.2025 11.08.2025 310 EUR 232 EUR
19.08 - 26.08.2025 18.08.2025 288 EUR 216 EUR
26.08 - 02.09.2025 25.08.2025 256 EUR 199 EUR
02.09 - 09.09.2025 01.09.2025 244 EUR 189 EUR
09.09 - 16.09.2025 08.09.2025 231 EUR 179 EUR
16.09 - 23.09.2025 15.09.2025 220 EUR 169 EUR

ВАЖНА НАПОМЕНА: Во хотелот има само двокреветни и трикреветни соби. Доколку има 2 деца до 12 години придружувани со двајца родители ќе бидат сместени во две двокреветни соби и ќе бидат наплатени 4 полни суми.

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Доколку бројот на патници го надминува бројот на седишта во автобус, агенцијата има право да превозот го изврши со минибус или комбе кое ги исполнува критериумите за превоз на патници
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Лежалки и пешкири на плажа и базен
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Прилеп, Битола,Гевгелија,Неготино,Штип

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Туристичка такса 3,50 евра по лице за 7 ноќевања

Важно

  • BLACK FRIDAY Цените веќе се назначени за секој термин во промо цена, истите важат со ЦЕЛОСНА УПЛАТА во период од 10.11.2024-30.10.2024
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцеларија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
    • Сместувањето во хотелот го одредува самиот менаџмент. Орбита не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
    • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од редовната цена на аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола,Штип.
  • Доколку бројот на патници го надминува бројот на седишта во автобус, агенцијата има право да превозот го изврши со минибус или комбе кое ги исполнува критериумите за превоз на патници
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од промо цените.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени.
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.50е од ден ( Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а Орбита  травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.

Факултативни излети

Истанбул Тура

Цена за пакет: 65е

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.

Таксим- Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

 

ШОПИНГ ТУРА

Цена за пакет: 20е

– Капали Чаршија

– Outlet 212

– KOSKA (продавница за слатки работи)

– GLORIА Трговски Центар

 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.