+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 Блог  Услови  За Нас  Контакт

Вила "Lena" - Неа Рода

10 Ноќи 11 Дена
цени од 30€

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот  „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена (постелината не се менува кога смената е на седум ноќевања). Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...

Најголем попуст за предвремена резервација и целосна уплата заклучно со  19. Декември 2026:

- 25 % попуст за првата и последната смена во сите вили

- 20 % попуст за втората смена во сите вили

- 15 % попуст за третата смена во сите вили

- За сите останати смени попустот е 10 %
 

Вила „Lena” - Нea Рода

Термин:

Ноќи:

1/3 студио бр.2

1/4 апартман бр.1

1/5 апартман бр.3

26.05-05.06.2026

10

300

400

450

05.06-15.06.2026

10

400

500

550

15.06-25.06.2026

10

500

600

650

25.06-05.07.2026

10

600

700

750

05.07-15.07.2026

10

700

800

850

15.07-25.07.2026

10

730

830

880

25.07-04.08.2026

10

730

830

880

04.08-14.08.2026

10

730

830

880

14.08-24.08.2026

10

730

830€ 

880

24.08-03.09.2026

10

650

750€ 

850

03.09-10.09.2026

7

450

550€ 

600

10.09-17.09.2026

7

350

450€ 

500

17.09-24.09.2026

7

250

350

400

НАПОМЕНИ:

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз
  • Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
  • Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција - 2 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

Апартман бр.1

Четирикреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.

Студио бр.2

Трокреветно студио на приземје. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.

Апартман бр. 3

Простран петкреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.