facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Солун - Нова 2024 Година

1 Лице 2 ноќи 3 Дена
од 119€

Солун нова година 2025 Паралија - Воден

КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ. ДИОНИСИЈ

+ НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ ВО СОЛУН

+ ГРАТИС ИЗЛЕТ ДО ВОДОПАДИТЕ ВО ВОДЕН!

1 ден: 31.12.2024

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус.

Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…

Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski (можност да се искористат новогодишните попусти).

Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова година 2025.

Ноќевање.

2 ден: 01.01.2025

Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини.

Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера.

Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија.

Ноќевање.

3 ден:  02.01.2025

Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот.

Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал.

Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.

Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 119 евра ( 7.350,00 денари)

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Паралија на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување и шопинг во Солун;
  • ГРАТИС посета на водопадите во Воден;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Литохоро и Катерини -5 евра; (минимум 30 лица пријавени за реализација)
  • Новогодишна вечера во таверна;
  • Влезници за посетите;
  • Патничко осигурување (задолжително);

НАПОМЕНА: 

  • За реализација на аранжманот Солун Нова година 2025 потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.

 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.