facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Будва - Нова 2025 Година

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
од 99€

НОВА ГОДИНА 2025 ВО ЦРНА ГОРА

Будва - Дубровник – Котор –Портомонтенегро
29.12.2024 - 01.01.2025


29.12.2024 недела (СКОПЈЕ- БУДВА)
Состанок на групата во Скопје во 20:00 часот кај с.ц. Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора во 20.30часот Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. (Времето на трансферите од другите градови ќе биде дополнително објавено)

30.12 2024 понеделник (ДУБРОВНИК)
Пристигнување во Црна Гора во раните утринските часови и сместување во Будва. Слободно време за одмор, околу 10часот поаѓање за факултативен излет до атрактивниот Дубровник. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах..слободно време за прошетка...попладне се враќаме во Будва. Вечерта забава на плоштад или во некое локално кафуле или ресторан. Ноќевање.

31.12.2024 вторник (КОТОР – ТИВАТ, ПОРТОМОНТЕНЕГРО)
Во утринските часови препорачуваме факултаивна прошетка до Котор – еден од најубавите градови под заштита на Унеско, сместен во Бокакоторскиот залив. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифу, Црквата Св.Никола...во договорено време се упатуваме кон најубавото пристаниште во Тиват, Портомонтенегро. Попладне враќање во Будва. Малку одмор пред новогошната прослава и забава на некој од плоштадите со најголемите балкански изведувачи. По избор со доплата можност за дочек на новата година во Котор или Тиват (10евра). Ноќевање.

01.01.2025 среда (БАР)
Околу пладне поаѓање за Македонија со попатна пауза во Бар. Слободно време за прошетка покрај море. Околу 15часот поаѓање за Македонија.Пристигниување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 99евра

Во понудата е вклучено

  • превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во Будва (Вила Ина)
  • организација и реализација на патувањето
  • претставник од агенција за време на целото патување

Во понудата не е вклучено

  • туристичка такса 1 евро дневно по лице
  • факултативна посета на Котор и Тиват 10 евра
  • факултативна посета на Дубровник 30 евра
  • патничко -здравствено осигурување
  • дочек на некој од плоштадите во Котор, Тиват 10евра
  • индивидуални трошоци

Попусти и Доплати

  • Трансфер од Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес ГРАТИС
  • Доплата за еднокреветна соба 50%
  • Попуст за деца до 10 години 30%

Реализација на понудата или откажување

  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 35 патници
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.