Париз - Нова 2027 Година

 

1 Лице 5 ноќи 6 Дена
од 665€

29.12.2026 – 03.01.2027   |   5 ноќевања со појадок   |   Авионски превоз од Скопје

Париз, градот на светлината, плени со својата архитектура, историја и незаборавна атмосфера. Од Ајфеловата кула и Лувр, до Монмартр, Сена и Шанзелизе – новогодишните празници се прекрасна можност да го доживеете градот во неговиот најсвечен сјај.

Основни информации

Авионска линија: Wizz Air, Скопје – Париз Бове – Скопје

Поаѓање: 29.12.2026 во 13:00 ч. од Скопје

Пристигнување: 29.12.2026 во 16:05 ч. во Париз

Сместување: хотел 3★, 5 ноќевања со појадок

Вклучено: трансфери, разгледи според програмата и придружник

Враќање во Скопје: 03.01.2027 во 14:55 ч.

Цена на аранжманот

EARLY BOOKING – до 31.10.2026
665 € / 41.230 ден.
Редовна цена: 699 € / 43.338 ден. по лице во двокреветна соба
Доплата за еднокреветна соба: 355 € / 22.010 ден.
Попуст за трето лице: 30 € / 1.860 ден.

Во цената е вклучено

  • Повратен авионски билет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air и аеродромски такси
  • 5 ноќевања со појадок во хотел 3★
  • Рачен багаж 40 × 30 × 20 cm, до 10 kg
  • Автобуски трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Автобуски разглед на Париз и пешачки тури наведени во програмата
  • Организација на патувањето и придружник за целиот престој

Во цената не е вклучено

  • Дополнителен чекиран багаж од 10 или 20 kg – цена на барање, променлива при резервација
  • Билети за метро и друг јавен превоз
  • Ајфелова кула: до втор кат 25–35 €; до врвот 35–45 €
  • Лувр: 40 € (влезница и придружник на групата)
  • Версај: 35 € (влезница и придружник на групата)
  • Крстарење по Сена: 20 €
  • Дизниленд: цена и информации во агенција
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување
  • Туристичка такса: околу 5,60 € по лице дневно, се плаќа во хотел

Услови и забелешки

  • За реализација се потребни најмалку 20 патници. При помал број, организаторот може да го откаже аранжманот или да ја коригира цената.
  • За резервација е потребен аванс од најмалку 40% и копија од пасош.
  • Целосната уплата се врши најдоцна 20 дена пред поаѓање.
  • Редоследот на посетите и разгледите може да се промени поради состојбата на терен или други објективни причини.
  • Во случај на промена на цените на авионските билети или аеродромските такси, организаторот го задржува правото на корекција на цената на аранжманот.
  • За факултативните излети по наведените цени се потребни најмалку 20 патници; во спротивно цените може да се коригираат.
  • За факултативните излети задолжително се пријавува при резервација на аранжманот.
  • Пасошот треба да важи најмалку 3 месеци по завршување на патувањето; патниците се одговорни за исправноста на документите.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред патувањето.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ.

Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување.

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување!

 

1 Ден (29.12.2026) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Париз во 13:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот Beauvais во 16:05 часот. Организиран трансфер до Париз. По пристигнувањето, следува панорамски разглед на Париз и откривање на најпознатите знаменитости на француската престолнина. Ќе поминеме покрај величествените Елисејски полиња и Триумфалната капија, ќе го посетиме плоштадот Конкорд, а потоа ќе продолжиме кон црквата Мадлена, Опера Гарние и елегантниот плоштад Вандом. Разгледот продолжува покрај светски познатиот музеј Лувр, низ историскиот остров Сите и шармантниот Латински кварт, со поглед кон катедралата Нотр Дам, како и покрај престижниот универзитет Сорбона и прекрасниот Луксембуршки парк. Во продолжение ќе ги видиме Домот на инвалидите, Трокадеро и една од најпрепознатливите градби во светот – Ајфеловата кула. По панорамскиот разглед, следува превоз до хотелот и сместување. Слободно време за индивидуални активности, одмор и уживање во новогодишната атмосфера на Париз. Ноќевање.
Појадок. Денот е предвиден за запознавање со центарот на Париз преку пријатна пешачка прошетка низ некои од најубавите и најпознатите делови на градот. Поаѓање со јавен превоз до центарот на Париз. Прошетката започнува во срцето на Париз и продолжува низ историските улици и плоштади, исполнети со карактеристичниот париски шарм. Ќе прошетаме покрај катедралата Нотр Дам, една од најпознатите знаменитости на Париз, а потоа ќе продолжиме низ Латинскиот кварт, познат по своите тесни улички, книжарници, кафулиња и живописна атмосфера. Прошетката продолжува кон Сорбона, еден од најстарите и најпрестижните универзитети во Европа. Во продолжение ќе се упатиме кон Лувр, каде што ќе имаме можност да се восхитуваме на неговата импозантна архитектура и познатата стаклена пирамида. Прошетката продолжува низ градините Тиљери, прекрасен простор кој ги поврзува Лувр со плоштадот Конкорд. Слободно време за кафе, ручек, фотографии и индивидуално уживање во центарот на Париз. Во попладневните часови, пред стемнување, следува факултативна посета на Ајфеловата кула. Уживајте во спектакуларната панорама на Париз од една од неговите најпознати знаменитости. По посетата на Ајфеловата кула, можност за факултативно крстарење по Сена – идеална можност Париз да се доживее од поинаква перспектива, додека пред вас се редат неговите најпознати мостови, споменици и знаменитости. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, факултативна посета на музејот Лувр, со организиран превоз со метро. Еден од најпознатите и најзначајните музеи во светот, Лувр се простира во величествен комплекс кој со векови бил поврзан со француската монархија, сè до преселувањето на кралскиот двор во Версај. Во музејот се чува богатство од уметнички дела и ремек-дела од различни историски периоди и цивилизации. Меѓу најпознатите се прочуената „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, познатата скулптура на Венера, „Крилестата победа од Самотрака“, како и бројни други вредни дела кои го прават Лувр вистински храм на светската уметност. По посетата, слободно време за индивидуални активности и уживање во неповторливата атмосфера на Париз. Вечерта, прошетка до плоштадот Конкорд и по прочуената авенија Шанзелизе, сè до Триумфалната порта, каде што ќе ја дочекаме Новата година во празнична атмосферата на Париз. Прослава на Новогодишната ноќ. По дочекот, враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. Можност за индивидуална посета на Дизниленд Париз, до кој се пристигнува со градскиот железнички превоз. Пред вас е еден од најпознатите забавни комплекси во Европа, создаден за децата, но и за сите оние кои знаат да се радуваат и да уживаат како деца. Комплексот го сочинуваат Disneyland Park, со своите препознатливи бајковити атракции и ликови, и Walt Disney Studios Park, посветен на светот на филмот, телевизијата и создавањето на познатите Дизни приказни. Посетителите можат да уживаат во бројни атракции, спектакуларни претстави и средби со омилените Дизни ликови. Во рамките на комплексот се наоѓа и Disney Village, шопинг и забавна зона со продавници, ресторани, бутици и места за одмор. Во попладневните/вечерните часови враќање во Париз, или по појадокот, поаѓање со локален транспорт – метро кон еден од најшармантните и најпрепознатливите делови на Париз. Следува прошетка низ Монмартр, познат по своите тесни улички, уметничката атмосфера и неповторливиот боемски дух. Претпладнето е резервирано за запознавање со автентичниот париски амбиент и историјата на Монмартр – ридот кој кон крајот на XIX и почетокот на XX век бил едно од најзначајните средишта на европската уметничка сцена. Особено во периодот од 1870-тите до Првата светска војна, тука живееле и твореле голем број познати сликари, графичари, писатели, поети и музичари. Евтините ателјеа, кабарето и слободниот боемски начин на живот го претвориле Монмартр во вистински магнет за уметници од цела Европа, меѓу кои Реноар, Ван Гог, Пикасо, Модилјани и многу други. Прошетката продолжува кон Пигал, еден од најпознатите и најживописни квартови во Париз, препознатлив по својата богата историја, ноќниот живот и кабаретската традиција. Следува посета на надворешноста на легендарното Moulin Rouge, едно од најпознатите кабареа во светот и симбол на парискиот ноќен живот. Попладнето е предвидено слободно време за индивидуална прошетка и уживање во Париз
Појадок. Заминување на факултативна посета на величествениот дворец Версај, со јавен превоз. Изграден по наредба на францускиот крал Луј XIV – „Кралот Сонце“, Версај претставува една од најимпресивните и најлуксузни кралски палати во Европа. За време на посетата ќе ги разгледаме кралските апартмани, прочуената Сала со огледала и дел од раскошниот дворски комплекс, кој сведочи за моќта и величественоста на француската монархија. Ќе уживаме и во погледот кон прекрасните градини на Версај, украсени со бројни фонтани, скулптури и декоративно обликувано зеленило. По завршувањето на посетата, враќање во хотелот со јавен превоз. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел, организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 14:55 часот, број на лет W6 4720. Слетување во Скопје во 17:40 часот.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.