Париз 5НП ( Виена - Прага -Минхен - Салзбург) - Нова 2027 Година

1 Лице 5 ноќи 9 Дена
цена од 459€
  • Код на аранжманот: NewYear-NH006

Париз 5НП ( Виена - Прага -Минхен - Салзбург) - Нова 2027 Година

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен…

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 31.10.2026: 459 € / 28.460 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 489€ / 30.320 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 3 ноќевања во хотел 2/3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена
  • Прошетка низ Минхен
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 500 денари
  • Разглед на Прага со локален водич 20 €
  • Крстарње по Влтава 20€
  • Разглед на Париз со локален водич 30 €
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 60 € (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр и Версај(само превоз) 30 €
  • Крстарење по Сена 25€
  • Срцето на Париз ( Латинска Четврт со Нотр Дам + Монмартр со Мулен Руж) 40€
  • Дизниленд -цена за влезница индивидуално+ 30€ превоз
  • Задолжителна посета на Салзбург - 30€
  • Туристичка такса Прага 3€ по лице на ден (уплата во агенција)
  • Туристичка такса Париз 8€ по лице на ден (уплата во агенција)
  • Туристичка такса Минхен 5€ по лице на ден (уплата во агенција)
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата на седиште по избор - 20€
  • Доплата на дополнително седиште - 200€
  • Доплата за еднокреветна соба 12.000 ден

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега 

1 ДЕН 27.12.2026 СКОПЈЕ-ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград… . Ноќно возење.
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуалнo), Ноќевање.
Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и водич : Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе. Враќање во хотел. Ноќевање. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Ноќевање.
Појадок. Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување.. Враќање во хотел. Ноќевање.
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркови или можност за целодневна посета на Val d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека ќе може да се остане в Париз и да се посетат некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафет. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.
Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку Унгарија, Србија…
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.