facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

ТРИКАЛА - Божиќно село

1 Лице 1 Дена
1200 денари

ТРИКАЛА И МЕТЕОРИ

Божиќен Забавен парк

30.11.2024 - 07.12.2024 - 08.12.2024 - 09.12.2024 - 14.12.2024 - 15.12.2024

Состанок на групата во 04:30 часот пред театарот Војдан Чернодрински во Прилеп. Поаѓање во 5 часот, преку граничниот премин Меџитлија – Ники, преку Птолемаида – Гревена со попатни паузи. Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100 – 150 м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 4 – 5. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и доколку имаме време еден од најубавите манастири – Варлаам. Посете на фабриката за Икони во Калабака и слободно време за ручек во ресторан попатно. Потоа се оди за Трикала каде секоја година се одржува манифестација по повод Божиќните празници, каде има Волшебен Божиќен Забавен парк за деца, но и за возрасни. Елфот Мил сака да направи една нова приказна за еден бајковит свет за сите стари и млади посетители. Таму ќе се видат: Куќата на Дедо Мраз, Куќата на џуџињата, на самовилите, фабрика за чоколади, слаткарница, пошта, музеј и пазар на печурки, бунар на желби, лизгалиште…. Попладнето во договорено време поаѓање за Македонија и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 1200 денари по лице

 Деца до 9.99 години – 950 денари

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување - 150 ден по лице
  • Влезници за манастирите се плаќа на лице место доколку е потребно.

НАПОМЕНА!

  • Организатор на патувањето е Т.А.ОРБИТА
  • За одржување на патувањето потребни се минимум 45 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А ОРБИТА
  • Крајниот рок за извествање на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.
 
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.