facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Острошки манастир

1 Лице 3 Дена
од 1900 денари

ОСТРОШКИ МАНАСТИР
ТЕРМИН:  04.10-06.10.2024
 
1. ДЕН - Состанок на групата во 23:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора (ноќно возење). Се патува преку Албанија со попатни паузи и царински формалности.
 
2. ДЕН - Пристигнување во Св.Стефан можност за панорамски разглед на најлуксузното летувалиште на Јадранот, потоа се патува до Будва. Слободно време за разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности. Во договорено време поаѓање према ОСТРОШКИ МАНАСТИР. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус,, сместување, разглед на Горниот Манастир. Присуство на попладневната служба и поклонување на моштите на Св.Василиј Острошки. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.
 
3 . ДЕН - Можност за присуство на утринска служба во горниот или долниот манастир. По службата во 09 часот поаѓање за Подгорица. Посета на храмот Христово Воскресение. Храмот се градел цели 20 години од 1993 година и денеска претставува трета по големина Православна катедрала во светот по соборниот храм Христос Спасител во Москва и катедралата Свети Сава во Белград. По посетата се поаѓа за манастирот Дајбабе. Во договорено време со водичот поаѓање према Македонија со паузи и царински формалности. Пристигнување во ноќните часови околу полноќ.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1900 денари
ПОАЃАЊЕ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА
 
Во цената е вклучено :
  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Будва, Храм Христово Воскресение, Манастир Дајбабе
  • Пратител на групата
Во цената не е вклучено:
  • Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1еу по лице)
  • Туристичка такса во Острог (1 еур по лице)
  • Ноќевање во долниот конак (5еур по лице)—информаци во АГЕНЦИЈА !!!
  • Ноќевање во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се
  • проверуваат по пристигнување во манастирот
  • Патничко осигурување
 
НАПОМЕНА!!!
  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 35 патници.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни.Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

За ова патување важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ на т.а.ОРБИТА 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.