facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Историска тура

1 Лице 4 ноќи 5 Дена
249€

ИСТОРИСКО ПАТУВАЊЕ

ДЕН 1 Собир на групата во утринските часови во зависност од местото на поаѓање Битола или Прилеп.

Историското патување го започнуваме со локален водич и посета на Могилата на непобедените ( меморијален комплекс на самиот влез во Прилеп ) составен од 2 дела: заедничка гробница-крипта и спомен урни кој што датираат уште од 1961 година изградени во чест на загинатите борци од НОВ. После разгледот на Могилата на непобедените се упатуваме кон центарот на Прилеп ( градот познат по тутутот) каде што ќе ги разгледаме многубројните знаменитости почнувајќи со една од најпознатите историски знаменитоски за градот Прилеп а тоа е Саат кулата која што датира уште од 1825/26 година, разновидната стара архитектура која што се наоѓа во самиот град. Овде е и  старата чаршија каде што можеме да купиме разновидни домашни органски производи познати надалеку по својот квалитет како и  познатото прилепско биено сирење а потоа  тоа се упатуваме длабоко во чаршијата каде што се наоѓаат мали кафетерии и каде што ќе го пробаме познатото прилепско кафе поточно Македонско/Турско кафе , мелено со наут познато за Прилепчани.  Овде ќе се потсетиме и  на историјата на Прилеп и ќе го видиме неизбежниот споменик на Крали Марко, последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани со седиште во Прилеп како главен град на државата од каде што ќе можеме да се восхитуваме на Маркови кули  раноантичка населба – Керамија која што во Римскиот период прилично почнала да се проширува но во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија

Нашето патување продолжува кон нешто препознатилво за Прилеп а тоа е музејот за тутун посветен на работата, животот и производството на тутун што претставува единствен музеј од ваков тип на Балканот и еден од поголемите во Европа. Тука ќе видеме многубројни експонати почнувајќи од  ликовни збирки, фотографии, лулиња па се до традиционални експонати за производство на тутун, но тука никако не смееме да ја заборавиме и познатата Галерија на Икони во Прилеп основана во 2002 година која што се состои од 66 икони кои датираат уште од 12 век, со фреската на „Арахангел Гаврил“ и завршува со 19 век  дел пронајдени на терен, а дел се од зографот Јован Атанасов – прилепчанецот, последниот прилепски зограф и иконописец.

Во пладневните часови се упатуваме кон Битола, поточно во посета на НУ Завод и Музеј .  Ќе го посетиме музејот како и  моменталните поставки кои што ги има вклучувајќи ја и позната соба на Ќемал Ататурк , таткото на модерна Турција кој што служел војска во Битола денес една од најпосетуваните поставки во Битола. Патувањето пешки го продолжуваме со прошетка по Широк Сокак каде што попатно ( моментално во реставрација се наоѓа) Офицерскиот дом изграден во далечната 1911 година обележје на град Битола и културно-историски споменик на битолската и македонската култура , продолжуваме пред балконот на Елени Каринте љубовта на  младиот Мустафа Кемал Ататурк, кои многумина ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија каде што турските туристи минуваат илјадници километри, да ја посетата спомен-собата во битолскиот Музеј, да се фотографираат под балконот на Каринте, каде е исплетена можеби најголемата љубовна сага на овие простори, но  и да го  читаат писмото што таа му го напишала на Ататурк.

Пешачката тура низ Широк ја продолжуваме кон стариот Битолски часовник каде што попатно и се восхитуваме на старата Битолска архитектура многубројните конзулати на чии што балкони се веат нивните знамиња –гордост за Битола по што бил и се уште важи за Конзулски Град. Тука е и ново изграденото кино во чест на Браќата Манаки, симбол за Битола и за Фестивалот Браќа Манаки.  Разгледот го завршуваме со познатата Битолска Саат Кула ( една од најголемите знаменитости за Битола направена уште во 1830 година за чија што изработка биле употребени околу 60000 јајца од сите околни села за да изработат малтер). После завршетокот на разгледот ни следува мала пауза да уживаме во чаша кафе низ некој од Битолските ‘кафичи’. Во вечерните часови веќе се упатуваме кон Баба или во нашето сместување во Дихово, Вила Дихово каде што ќе го понудиме и првото ноќевања. Вилата е направена во традиционален стил за чиј што има добиено многубројни награди и сертификати и е на мапата  на Lonely Planet како една од must 100 дестинации во светот што треба да се посетат. Тука ќе уживаме во преубавиот  двор на вилата и ќе имаме  уникатна традиционална вечер со запален логорски оган и приготвена традиционална храна,  се од  органско производство,  зачинето со тивка музика и преубав поглед на звездите а и на Битола.  Ноќевање

 

Ден 2. Појадок ( појадок приготвен од сопствено  органско потекло) за кој што појадок можеме и самите да учествуваме во приготвување на истиот,  поточно традиционален појадок за овој регион како питулици, ајвар, сирење, јајца и сл.

После појадок повторно се упатуваме кон Битола но овој пат во Хераклеа Линкестис ,  археолошки локалитет   еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт. ( тука ќе ги разгледаме остатоците од некогашниот антички град како Римската Бања, театарот каде што и во денешно време се организираат многубројни концерти и претстави-познат по уникатната акустика, Базилика, спископската резиденција и многубјоните мозаици.

По разгледот на Хераклеа се упатуваме кон познатата Битолска чаршија,  позната по многубројните куќи со традиционална турска архитектура како и бројни споменици, џамии и амами од Турската Епоха ( кои што голем дел од нив во моментот се во реставрација).Заедно со локалниот водич ќе дознаеме нешто повеќе за историјата на Битолската чаршија а ќе посетиме и  неколку занаетчии кои што ќе ни кажат нешто повеќе за историјата на чаршијата , ќе не потсетат на минатото и како чаршијата во тоа време имала душа. Но да не заборавиме  и на битолското кафе кое што ќе го пиеме во Кафе Бар чаршија (автентичен Кафе Бар) во срцето на чаршијата кој што ќе не потсети на убавините и на историјата на Битола . Слободно време за индивидуален разглед и шопинг од многубројните дуќани и гифт шопови .

Околу 12 часот се упатуваме кон Општина Демир Хисар каде што овој пат ќе го посетиме музејот на на Петре М. Андреевски ( во моментална изградба кој што до летниот период би бил завршен) во с. Слоештица .Македонски поет , романописец  и драмски автој кој што се вбројува мегу најпополуарните Македонски поети.

По разгледот на Музејот  веќе се упатуваме кон познатите Демирхисарски Валајци од чии што неверојатен амбиент  силно го слушаме гргорењето на водата од Бела Река која паѓа од високо, по двете букови цевки влегувајќи во вртлог, де на левата, де на десната стана во дрвените корита и од таму со брзање заминува кон другата валавица, па кон третата…и ита на кај селото.Слободно Време за одмор и ручек.

По паузата нашто патување продолжува кон Преспа но со попатна посета на Бабино,познат  како  природен зелен рај ова село надалеку е веќе познато и по најмалата библиотека не само во Македонија, туку и во светот, позната како „Алби“, тука ќе го посетиме и работилницата на ликовниот уметник Љубе Неделковски сликар на ретки икони кој што својата инспирација ја црпи од Слепчанскиот Манастир .

Пристигнување во Преспа во пладневните часови со попатна посета на познататао Село Подмочани каде што ќе го посетиме Етнолошкиот Музеј познат по најбогатата етнолошка збирка во Македонија од преку 2000 уметнички детали примероци од накит, оружје и македонски народни носии од скоро сите области во тогашна Македонија( во зависност од мерките против Корона тука ќе имаме можност и да пробаме некоја од народните носиии и да се фотографираме). После разгледот на Етнолошкиот Музеј се упатуваме кон нашиот хотел Крани ( или сличен во зависност од расположливоста) каде што ќе го поминеме нашето второ ноќевање ( сместен на брегот на Преспанското Езеро). Ноќевање

Ден 3. Појадок

Овој ден го посветуваме на Преспа и на селата Брајчино и Љубојно,  тука  ќе бидеме пречакани од нашите домаќини од организацијата за развој на Алтернативен туризам во  Преспанскиот регион каде што ќе ги посетиме следните локалитети: Културното благо во Курбиново црквата св.Горѓи од 1191год. Каде што се

забележува сликарство во Коменски стил користен во времето на Византиската династија на Комено-Ангелите. Фреските во црквата се примери за највисок дострел во монуметалното сликарство во источно-христијанската уметност. Споменик на културата заштитен со закон, Ќе се види од каде започнува “Патеката на светите води” (која започнува од манастирот св.Илија –Грнчари и завршува со св.Атанаси од 1864г - Долно

Дупени, во должина околу 25км), ќе направиме  Мала пауза во Туристичкиот комплекс Сливница кој е на самата плажа, но исто така ќе се истакне преубавиот Манастир св.Богородица кој е на 1300бнад.вис. и датира од 1607год а до 1712год. насликан ( со нај старата заедничка претстава на словенските просветители св.Кирил, св.Методи, св.Климент, св.Наум, св.Сава, св.Ангелари). Понатаму нашето патување ќе го продолжиме кон с.Љубојно, Брајчино и Долно Дупени познати по преубавата aрхитектурa и нивното значење во минатото како најголеми центри во Преспанскиот регион.

Пауза и слободно време за разглед ручек и прошетка низ с. Љубојно.

Во пладневните часови го напуштаме с. Љубојно и веќе се упатуваме кон Ресен поточно во посета на познатиот Ресенски Сарај изграден во времето на Нијази Бег,  еден од првите примери на градби во неокласичен стил на територијата на Македонија а денес Дом на Културата во Ресен .

Нашето патување Продолжува кон Р. Албанија поточно кон градот Корча. Стигнување во  Хотел Кocibelli ( или сличен во зависност од расположливоста).

Слободно Време за разглед на градот и вечера. Враќање во хотелот Ноќевање.

 

Ден 4. Појадок . После Појадококот се упатуваме кон разглед на градот  за да ги запознаеме убавините и историјата што ја има градот како и старата чаршија. Нашето патување ќе не однесе до волшебната  Корча, град кој стана важен трговски и занаетчиски центар во 18 век поради развој на трговијата со соседните региони со векови важен религиозен центар за православните христијани и муслимани, ќе го запознаеме ‘‘ малиот Париз на Албанија ”по тесни улички, обоени згради, убави кафулиња и мали бутици и ќе уживаме во посета на православната катедрала и џамијата Мирахори за на крајот да пиеме едно традиционално кафе во старата чаршија на Корча во едно мало локално кафуле.

После нашата пауза во чаршијата ќе се упатиме во посета на познатиот Музеј на Икони ( Museum ov Medivel Art) каде што има поставка од преку 7000 предмени : камења, дрвени и метални предмети додека најголем број од нив се икони кои што го претставуваат развојот на Албанската иконогрфија а најпознати од нив се делата на браќата Зоографски.

Нашета патување го продолжуваме кон еден од најпознатите симболи за градот Корча а тоа е Пиварата Korca BEER изградена уште во далечната 1928 година од каде што се произведуваат многубројни врсти на пиво . Туќа ќе имаме можност да научиме нешто повеќе за пивото и за начинот на кој што тоа се изработува па се на крајот да го дегустираме истото. По завршетокот на разгледот ќе имаме можност за ручек во пивницата и да уживаме во некое од пивата од сопствено производство.

Остаокот од денот ќе го оставиме за слободно време и прошетки низ преубавата Корча каде што ќе можеме да се восхитуваме на самиот град да вечераме  и вкусиме некое традиционално јадење и да одиме на шопинг низ старата чаршија. Враќање во Хотел Ноќевање.

Ден 5 . Појадок

После појадокот се упатуваме кон Општина Пустец позната по големиот број на македонско население кое што живее тука. Тука ќе го поминеме нашиот ден,  првично почнувајќи со разглед на општината поточно на селата припаѓаат на  оваа  општина, Глобочани, Пустец, Зрноско. Тука малку повеќе ќе научиме за традицијата на населението за нивните печалбарски денови како и за она  со што тие денес се занимаваат и работат во околината. Тука ќе им помогнеме во берење на чај, зеленчук , овошје ( во зависност од условите) ќе ни кажат за нивните традиционални јадења и рецепти како и за нивното секојдневие  како тие ораат ниви ( со плуг и магариња),  дека не користат современа механизација,  ќе им помогнеме во берење на свежи јајца и ќе ни покажат како прават свое домашно сирење, ќе пробаме да молзиме крава и да пробаме свежо кравјо млеко, на крајот ќе пробаме од нивното домашно вино или ракија и ќе посетиме една мала локална фарма за пчели чиј што сопственик ќе ни каже како го собира медот од пчелите и како се произведува мед за се на крајот на дегустираме.

После обиколката ќе се упатиме во селото Зрноско на самиот брег на Преспанското Езеро  а тука ќе се запознаеме со начинот на  ловење риба во раните утриснки часови. Ќе учествуваме во процесот на подготовка на истата а вистинско задволство за љубителите на риба ќе биде  дегистација на свежа преспанска риба ( наша препорака би бил Преспанскиот крап).Сето тоа со по една чашка домашно бело вино и  за на крај да се напиеме и едно традиционално македонско кафе.  Во попладневните часови поаѓаме  кај последното село од нашата прошетка низ Пустец а тоа е селото Глобочани,  каде што ќе го посетиме ново изградениот Музеј во чест на Стерјо еден од најзначајните претставници на современата албанска литература но од македонско потекло.

Поаѓање за Р. Македонија

Цена: 249 Евра 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Посета и влезница во Музејот за Тутун
  • Посета и влезница за Музејот во Битола и Археолошкиот Локалитет Хераклеа
  • Локални водичи во Прилеп+Битола
  • Посета на Валајци и Бабино
  • Посета и влезница во Етнолошкиот Музеј во Подмочани
  • Посета на Ресенскиот Сарај
  • 1 Ноќевање со појадок во Вила Дихово
  • 1 Ноќевање со појадок во Хотел Крани ( или сличен во зависност од расположливоста)
  • Локален водич во Корча
  • Посета и влезница во Музејот на Икони Корча
  • Посета и Влезница во фабриката за Пиво Beer Корча
  • Посета на општина Пустец и Ручек во село Зрноско
  • Автобуски превоз на горенаведената релација

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Кафе паузи, Ручек,  Вечера
  • Влезници за Не Горенаведените Локалитети.

Напомена:

-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба
-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

1 Еуро  = 61,8 МКД

Ова патување е возможно за сите заинтересирани без разлика на нивната возраст

Важат општите услови за патување на ОРБИТА И СКТМ

 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.