facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

1 Лице 3 ноќи 4 Дена
229€

City Break

ДЕН 1 Собир на групата во утринските часови во зависност од местото на поаѓање Битола или Прилеп.

Нашето патување го започнуваме со локален водич и посета на Могилата на непобедените ( меморијален комплекс на самиот влез во Прилеп ) составен од 2 дела:  заедничка гробница-крипта и спомен урни кој што датираат уште од 1961 година изградени во чест на загинатите борци од НОВ. Пo  разгледот на Mогилата на непобедените се упатуваме кон центарот на Прилеп ( градот познат по тутутот) каде што ќе ги разгледаме многубројните знаменитости почнувајќи со  една од најпознатите  за градот Прилеп а тоа е Саат кулата која што датира уште од 1825/26 година. Разновидната стара архитектура која што се наоѓа во самиот град како и Старата чаршија каде што можеме да купиме разновидни домашни органски производи познати надалеку по својот квалитет  а ќе имаме  можност и да вкусиме од познатото Прилепско Биено сирење . Потоа  се упатуваме длабоко во чаршијата каде што се наоѓаат мали кафетерии и каде што ќе уживаме пиејќи го познатото прилепско кафе поточно Македонско/Турско кафе,  но мелено со наут познато за прилепчани. Ќе се потсетиме  и на историјата на Прилеп и ќе го видиме неизбежниот споменик на Крали Марко,  последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани со седиште во Прилеп како главен град на државата,  од каде што ќе можеме да се восхитуваме на Маркови кули ,  раноантичка населба – Керамија која што во Римскиот период драстично почнала да се шири но во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија

Околу 11 часот се упатуваме кон Битола поточно во посета на НУ Завод и Музеј Битола.  Тука ќе го посетиме музејот како и  моменталните поставки со кои располага,  вклучувајќи ја и позната соба на Ќемал Ататурк таткото на модерна Турција кој што служел војска во Битола,  денес една од најпосетуваните поставки во Битола. Патувањето пешки го продолжуваме со прошетка по Широк Сокак каде што попатно ( моментално во реставрација се наоѓа) Офицерскиот дом изграден во далечната 1911 година обележје на град Битола и културно-историски споменик на битолската и македонската култура , се  восхитуваме  пред балконот на Елени Каринте љубовта на  младиот Мустафа Кемал Ататурк, кои многумина ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија каде што Турските туристи минуваат илјадници километри, да ја посетата спомен-собата во битолскиот Музеј, да се фотографираат под балконот на Каринте, каде е исплетена можеби најголемата љубовна сага на овие простори, но  и да го  читаат писмото што таа му го напишала на Ататурк.

Пешачката тура низ Широк ја продолжуваме кон стариот Битолски часовник каде што попатно и се восхитуваме на старата битолска архитектура,  многубројните конзулати на чии што балкони се веат нивните знамиња –гордост за Битола по што бил и се уште важи за Конзулски Град, ново изграденото кино во чест на Браќата Манаки симбол за Битола и за Фестивалот Браќа Манаки. Разгледот го завршуваме со познатата Битолска Саат Кула ( една од најголемите знаменитости за Битола направена уште во 1830 година за чија што изработка биле употребени околу 60000 јајца од сите околни села за да изработат малтер. После завршетокот на разгледот ни следува мала пауза да уживаме во чаша Кафе низ некој од Битолските ‘кафичи’.

По паузата се упатуваме кон познатата Битолска чаршија позната по многубројните куќи со традиционална турска архитектура како и бројни споменици, џамии и амами од Турската Епоха ( кои што голем дел од нив во моментот се во реставрација), заедно со локалниот водич ќе дознаеме нешто повеќе за историјата на Битолската чаршија а  ќе посетиме неколку занаетчии кои што ќе ни кажат нешто повеќе за историјата на чаршијата , ќе не потсетат на минатото и како чаршијата во тоа време имала душа) но да не заборавиме  и на Битолското кафе кое што ќе го пиеме во Кафе Бар чаршија (автентичен Кафе Бар) во срцето на чаршијата кој што ќе не потсети на убавините и на историјата на Битола и на минатото. Слободно време за индивидуален разглед и шопинг од многубројните дуќани и гифт шопови и можнност за ручек во некоја од старгорадските Битолски-меани/кафани.

Во пладневните часови се упатуваме кон нашето сместување Вила Дајмонд само на 20 тина метри од Широк Сокак до познатата Саат Кула ( една од најголемите знаменитости за Битола направен уште во 1830 година за чија што изработка биле употребени околу 60000 јајца од сите околни села за да изработат малтер. Слободно време за индивидуални прошетки и разглед на Широк Сокак. Ноќевањe 

Ден 2 Појадок.
После појадокот се упатуваме во посета на Во Хераклеа Линкестис  Археолошки локалитет   еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.  Тука ќе ги разгледаме остатоците од некогашниот антички град како Римската Бања, театарот каде што и во денешно време се организираат многубројни концерти и претстави-познат по уникатната акустика, Базилика, спископската резиденција и многубјоните мозаици.

По разгледот на античкиот град патувањето го продолжуваме кон Преспа каде ќе бидеме пречакани од нашите домаќини од организацијата за развој на Алтернативен туризам во  Преспанскиот регион каде што ќе ги посетиме следните локалитети: Културното благо во Курбиново црквата св.Горѓи од 1191год. каде што се

забележува сликарство во Коменски стил користен во времето на Византиската династија на Комено-Ангелите. Фреските во црквата се примери за највисок дострел во монуметалното сликарство во источно-христијанската уметност. Споменик на културата заштитен со закон, Ќе се види од каде започнува “Патеката на светите води” (која започнува од манастирот св.Илија –Грнчари и завршува со св.Атанаси од 1864г - Долно

Дупени, во должина околу 25км), ќе направиме  Мала пауза во Туристичкиот комплекс Сливница кој е на самата плажа, но исто така ќе се истакне преубавиот Манастир св.Богородица кој е на 1300бнад.вис. и датира од 1607год а до 1712год. насликан ( со нај старата заедничка претстава на словенските просветители св.Кирил, св.Методи, св.Климент, св.Наум, св.Сава, св.Ангелари). Понатаму нашето патување ќе го продолжиме кон кон с.Љубојно, Брајчино и Долно Дупени познати по преубавата архитектура во и нивното значение во минатото како најголеми центри во Преспанскиот Регион. Пауза и слободно време за разглед ручек и прошетка низ с. Љубојно.

Во пладневните часови го напуштаме с. Љубојно и веќе се упатуваме кон Ресен поточно во посета на познатиот Ресенски Сарај изграден во времето на Нијази Бег еден од првите примери на градби во неокласичен стил на територијата на Македонија а денес Дом на Културата во г. Ресен .

По рагледот на Ресен патувањето ни продолжува кон соседна Албанија поточно кон познатиот Град Корча. Сместување Хотел kocibelli ( или сличен во зависност од расположливоста). Слободно Време за разглед на градот и вечера. Враќање во хотелот Ноќевање.

Ден 3. Појадок .

 После Појадококот се упатуваме кон разглед на градот  за да ги запознаеме убавините и историјата што ја има градот како и старата чаршија. Нашето патување ќе не однесе до волшебнота  Корча, кое стана важен трговски и занаетчиски центар во 18 век поради развој на трговијата со соседните региони со векови важен религиозен центар за православните христијани и муслимани, ќе го запознаеме ‘‘ малиот Париз на Албанија ”по тесни улички, обоени згради, убави кафулиња и мали бутици и ќе уживаме во посета на православната катедрала и џамијата Мирахори за на крајот да пиеме едно традиционално кафе во старата чаршија на Корча во едно мало локално кафуле.

После нашата пауза во чаршијата ќе се упатиме во посета на познатиот Музеј на Икони ( Museum ov Medivel Art) каде што има поставка од преку 7000 предмени : Камења, Дрвени и Метални Предмети додека најголем број од нив се Икони кои што го претставуваат развојот на Албанската иконогрфија а најпознати од нив се делата на браќата Зоографски.

Нашета патување го продолжуваме кон еден од најпознатите симболи за градот Корча а тоа е Пиварата Korca BEER изградена уште во далечната 1928 година од каде што се произведуваат многубројни видови на пиво . Тука ќе имаме можност да научиме нешто повеќе за пивото и за начинот на кој што тоа се изработува па се на крајот да го дегустираме истото. По завршетокот на разгледот ќе имаме можност за ручек во Пивницата и да уживаме во некое од пивата од сопствено производство.

Остатокот од денот ќе го оставиме за слободно време и прошетки низ преубавата Корча каде што ќе можеме да се восхитуваме на самиот град да вечераме некое традиционално јадење и да одиме на шопинг низ старата чаршија. Враќање во Хотел Ноќевање

Ден 4 . Појадок

После појадокот се упатуваме кон Општина Пустец позната по големиот број на македонско население кое што живее тука. Тука ќе го поминеме нашиот ден,  првично почнувајќи со разглед на општината поточно на селата припаѓаат на  оваа  општина, Глобочани, Пустец, Зрноско. Тука малку повеќе ќе научиме за традицијата на населението за нивните печалбарски денови како и за она  со што тие денес се занимаваат и работат во околината. Тука ќе им помогнеме во берење на чај, зеленчук , овошје ( во зависност од условите) ќе ни кажат за нивните традиционални јадења и рецепти како и за нивното секојдневие  како тие ораат ниви ( со плуг и магариња),  дека не користат современа механизација,  ќе им помогнеме во берење на свежи јајца и ќе ни покажат како прават свое домашно сирење, ќе пробаме да молзиме крава и да пробаме свежо кравјо млеко, на крајот ќе пробаме од нивното домашно вино или ракија и ќе посетиме една мала локална фарма за пчели чиј што сопственик ќе ни каже како го собира медот од пчелите и како се произведува мед за се на крајот на дегустираме.

После обиколката ќе се упатиме во селото Зрноско на самиот брег на Преспанското Езеро  а тука ќе се запознаеме со начинот на  ловење риба во раните утриснки часови. Ќе учествуваме во процесот на подготовка на истата а вистинско задволство за љубителите на риба ќе биде  дегистација на свежа преспанска риба ( наша препорака би бил Преспанскиот крап).Сето тоа со по една чашка домашно бело вино и  за на крај да се напиеме и едно традиционално македонско кафе.  Во попладневните часови поаѓаме  кај последното село од нашата прошетка низ Пустец а тоа е селото Глобочани,  каде што ќе го посетиме ново изградениот Музеј во чест на Стерјо еден од најзначајните претставници на современата албанска литература но од македонско потекло.

Поаѓање за Р. Македонија

Цена 229 Еуро 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Влез во Музејот за Тутун
  • Локални водичи во Прилеп и Битола
  • 1 Ноќевање во Вила Дајмонд  (или сличен хотел во зависност од расположливоста) на база ноќевање со појадок
  • Влезници за Музејот и Хераклеа во Битола
  • Организирана Посета на Преспа и Ручек
  • Организирана Посета на Сарајот во Ресен
  • 2 Ноќевања на база ноќевање со појадок во Х. Hani i Pazarit или традиционална Gues House (во зависност од големината на групата и расположливоста)
  • Организирана посета на Музејот на икони во Корча
  • Организирана посета на фабриката за пиво Beer Корча
  • Организирана посета на Општина Пустец
  • Ручек во С. Горица

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Кафе паузи, Ручек  Вечера
  • Влезници за Не Горенаведените Локалитети.

Напомена:

-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба
-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

1 Еуро  = 61,8 МКД

Ова патување е возможно за сите заинтересирани без разлика на нивната возраст

Важат општите услови за патување на ОРБИТА И СКТМ

 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.