+389 75 845 711  +389 79 407 123
 info@taorbita.com.mk  reservations.orbita@gmail.com
 Пон–Пет: 09:00–17:00  Саб: 09:00–14:00
ПРОМО ПОПУСТ 20% ЗА ТЕРМИНОТ 30.05 - 06.06.2026 ВО ВИЛА УЈВАРА ВО КСАМИЛ|  5% попуст за вила Предраг во Будва | 10% за хотел Мојсес во Лептокарија                          Чартер понуди за Анталија, Хургада, Тунис, Шпанија, Италија и Кипар. Најповолни понуди со гооолеми попусти!                      Стани и ти член на Club Orbita. Дознај повеќе

Барселона во Мај 16.05-19.05.2026

1 Лице 3 ноќи 4 Дена
од 559 €

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24
часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој
од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата
ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место,
кое треба да го посетите.

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

ПРОМО ЦЕНА: 559 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 599
ЕВРА

Што е вклучено во цената

  • Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
  • Рачен багаж до 8 кг.
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
  • Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување
  • Еднокреветна соба

Важно

  • За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
  • За еднокреветна соба се доплаќа 150 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години се намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни

Факултативни излети

Организиран разглед на Барселона со водич – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

Цена за пакет: 15 €

Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници

Цена за пакет: 75 €

Посета на парк Гуел (влезница + пратител од агенција)

Цена за пакет: 28 €

Аквариум (влезница и претставник од агенција)

Цена за пакет: 35 €

Фламинко шоу со пијалок

Цена за пакет: 55 €

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега

Прв ден 16.05.2026-сабота (СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА)
Состанок на групата во 16:00 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:50ч Трансфер до хотелот и сместување во хотел . Ноќевање.
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата…Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани.Ноќевање.
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок во хотел. За денешниот ден ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза или шопинг. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 21:40. yПристигнување во 01:00 часот .
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.