ПРВ ДЕН (16.05.2026) СКОПЈЕ - БАРИ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 19:45. Полетување кон Бари во 21:55 часот. По слетувањето во Бари, трансфер кон хотел, сместување и ноќевање.
ВТОР ДЕН (17.05.2026) БАРИ - АЛБЕРОБЕЛО - БАРИ
Појадок. Се упатуваме на целодневна екскурзија во Алберобело, кое е познато по своите традиционални куќи (трули) кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители граделе „Трули“, уникатни привремени куќи изградени од камен. Процесот на трансформација и обновување, како и оригиналноста на работата, им обезбеди на овие згради признавање на УНЕСКО како светско наследство. Прошетка низ неколкуте населби каде се наоѓа најголемата концентрација на „Трули“, Најголемата Trullo Sovrano, познатата Општинска зграда, неверојатниот видиковец на квартот на Трули, и секако специфичната катедрала Сан Антонио, која е изградена во истиот стил како и околните куќички. По прошетката, следува слободно време, за ручек, аперитиво и секако џелато. Во договорено време, се упатуваме кон Бари. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН (18.05.2026) БАРИ - МАТЕРА - БАРИ
Појадок. Се упатуваме на целодневна екскурзија во Матера. Градот Матера, кој беше европска престолнина на културата во 2019 година, стана познат во Италија по својот стар град, по познатите Саси ди Матера (Камења на Матера). Прошетката започнува на плоштадот Виторио Венето, движејќи се низ малите сокаци и скалите низ населбите кои се викаат Саси (Sassi), ќе ги видиме и познатата Базилика Дева Марија, која е изградена од локалниот камен, пештерската црква св. Марија, познатата шопинг улица Corso… Поради зачуваниот стар град, кој поради неговите карактеристики се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО. Денешниот град брои околу 60.000 жители, а интересно е што многу локални жители живеат во нивните домови на предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата локација, Матера го зачувала стариот изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (19.05.2026) БАРИ - ПОЛИЊАНО А МАРЕ - БАРИ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и одјавување од хотелот. Во утринските часови се упатуваме кон едно од најпознатите летувалишта во близина на Бари, Полињано а Маре. Местото каде се наоѓа една од најпознатите плажи во регионот, и местото каде водата е најчиста, благодарение на карпите кои се од камен Варовник, и придонесуваат за неверојатната тиркизна боја на Јадранското море. Овој град е изграден на самата карпа. Слободно време од неколку часа за прошетка низ градот. Се враќаме во Бари, и прошетка низ историскиот дел на Бари, каде што се наоѓа базиликата Св. Никола, каде се наоѓаат моштите на истоимениот светец. Ќе ги видиме и норманскиот замок Свево, и секако, познатите баби, кои на улица ги прават познатите тестенини Orecchiette. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време, трансфер од хотелот до аеродромот. Полетување за Скопје во 22:40.