Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков.
Програма
1 ДЕН: четврток (06.03.2025)
Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: петок (07.03.2025)
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на Еврејскиот кварт, посета на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН: сабота (08.03.2025)
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO).
По завршувањето на разгледот доколку има можност и време - посета на трговски центар. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ДЕН: недела (09.03.2025)
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ДЕН: понеденик (10.03.2025)
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
Акциска цена од 159 евра по лице со задолжителна резервација на пакет факултативи 90 евра
Редовна цена 189 евра по лице
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков
- Организиран разглед на Краков
- Организација и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
Во цената не е вклучено:
- Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau - 40 евра
- Факултативен разглед на градот со локален водич – 15 евра
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka - 45 евра
- Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви го честита денот на жената и Ви посакува убаво патување!