facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Политика за Приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата.  Ние не собираме лични податоци со посета на нашиот веб сајт преку колачиња или други аналитички програми, туку само податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат на контакт формата во менито "Контакт".  

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е ДПТУ Маркијан Амон ДООЕЛ Прилеп - Туристичка Агенција ОРБИТА, со седиште на улица Александар Македонски број 125 А, Прилеп, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ви доставиме понуда за некое патување или информации за некој аранжман. 

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, е-маил адреса и контакт телефон.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

•           преку Вашето користење на нашата веб страна преку контакт формите;

•           преку нашиот email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

•           преку пораки на социјалните мрежи,

•           преку порака на телефон,

•           усмено.

За усните барања, се подготвува согласност кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање.

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ДПТУ Маркијан Амон ДООЕЛ Прилеп - Туристичка Агенција ОРБИТА. 

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Михаела Дунимаглоска на следниов e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Право на поднесување на барање до ДПТУ Маркијан Амон ДООЕЛ Прилеп - Туристичка Агенција ОРБИТА

Ако сметате дека начинот на кој ДПТУ Маркијан Амон ДООЕЛ Прилеп - Туристичка Агенција ОРБИТА ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ДПТУ Маркијан Амон ДООЕЛ Прилеп - Туристичка Агенција ОРБИТА како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.