Сардинија е една од најексклузивните дестинации на европската туристичка мапа. Ексклузивноста на...
Погледнете ја понудата
ЗА ОРБИТА
Орбита е туристичка агенција основана во 1999 година како професионалната заинтересираност на основачот, господинот Звонко Ширкоски.
Денес агенцијата поседува лиценца "A" за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија. Долгогодишното работење и организирање на патувања, остварените многубројни проекти во светот на туризмот, патувањата и прекрасните доживувања не доведоа до остварување на еден голем сон. Остварување на сонот на сите љубители на патувањето и авантуристи, со понуда на прекрасни неодоливи дестинации и доживувања и најважно од се најдобрата услуга и најголемото внимание кои вие драги патници го заслужувате. Туристичката агенција ОРБИТА е основана со цел на своите клиенти да им ги понуди сите туристички услуги на едно место!Создаваме патувања од соништата само за Вас, Вашето семејство и пријателите. Без разлика дали се работи за некоја подалечна дестинација, крстарење, одмор во некој wellnes центар или бизнис патување – Вашата насмевка е нашата крајна цел.
Наша амбиција е постојано да напредуваме и да ги обезбедиме најдобрите и најинтересните понуди. Константниот напредок во областа на подобрување на туристичките услуги е нашата секојдневна задача на којашто пристапуваме сериозно и посветено.
Вработените во нашата агенција се со долгогодишно искуство во туризмот и работа со клиенти. Ние ништо не оставаме на случајност – тука сме да ја предложиме најдобрата варијанта, да излеземе во пресрет, да ги сослушаме вашите предлози и да дадеме соодветен одговор(совет).
Нашите вработени се посветени на својата работа. Сакаат да направат се на најдобар можен начин се со цел на задоволни клиенти.
Живееме во свет кој изобилува со убавини, откриени и неоткриени. Убавини кои чекаат да бидат истражени и пронајдени.
Понекогаш сè што треба да направиме е да се разбудиме и да решиме да ја смениме рутината на денот.
Од 12 октомври 2025, Европската унија ќе воведе нов систем за влез и излез – Entry/Exit System (EES). Овој систем ќе ја замени досегашната рачна проверка на пасоши за патници кои не се државјани на ЕУ, со цел зголемена безбедност и побрзо движење преку границите.
Белград има богат ноќен живот и токму поради тоа српската метропола го добила прекарот „Градот на гревот“. Ноќниот живот во овој град дефинитивно не заостанува од големите и популарни светски метрополи.
Време е да го запознаете драматичниот брег на Шпанија, Коста брава со нашиот водич за прва посета.