ВИЛА МАРИЈА – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА
Вила Мариа е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 300м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор и соби на 2 спрата.
Собите се лоцирани на приземје, прв и втор кат. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, тв, балкон, комарници. Двокреветните се составени од едно дупло легло – спална, трокреветните со дупло легло и едно единечно легло, четворокреветните се со едно дупло легло и кревети на спрат.
Black Friday week – 30% попуст за резервации и целосни уплати до 02.12.2024
20% попуст за резервации направени до 15.01.2025 со целосна уплата до 30.01.2025
15% попуст за резервации направени до 15.03.2025 со целосна уплата до 31.03.2025
10 попуст за резервации направени до 15.04.2025 со целосна уплата до 30.04.2024
Ценовник Албанија лето 2025 вила Мариа: |
||||||||||||||
Термин: |
14.06 |
21.06 |
28.06 |
05.07 |
12.07 |
19.07 |
26.07 |
02.08 |
09.08 |
16.08 |
23.08 |
30.08 |
06.09 |
13.09 |
Ноќи: |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
7 |
1/2 |
219 |
249 |
319 |
359 |
399 |
399 |
399 |
399 |
399 |
379 |
329 |
219 |
199 |
159 |
1/3 |
239 |
269 |
339 |
379 |
409 |
409 |
409 |
409 |
409 |
399 |
349 |
239 |
219 |
179 |
1/4 |
259 |
289 |
349 |
399 |
429 |
429 |
429 |
429 |
429 |
419 |
369 |
259 |
239 |
199 |
*Тргнувањето со автобускиот превоз е ден претходно (секој петок)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Наем на студио за 7 ноќевања/8 дена
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА АЛБАНИЈА:
- Скопје (Дрводекор) - 60€
- Велес (кружен тек кај Коструницата – трансфер до Скопје) - 70€
- Куманово (Бензинска пупма Макпетрол - Трансфер до Скопје) – 70€
- Тетово (попатно) - 60€
- Гостивар (попатно - Бунар Петрол) - 60€
- Кичево (попатно – бензинска пумпа Power Petrol) - 60€
- Охрид (поаѓање од Подмоље – БесјаниПетрол)- 60€
- Струга (кружен тек – кај Нептун) - 60€
- За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
- За билет во еден правец се одбива 10€
- Поаѓање од Скопје (ден претходно од термините во табелата) секој петок во 22:00h, враќање од Ксамил секоја сабота.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација на редовните цени задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра за наем на студио, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 7% попуст на двата аранжмани
- Попустите не се комбинираат
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со Северна Македонија или лична карта
- Се патува преку граничен премин Ќафасан
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?
- Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
- Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
- Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
- Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
- Посетете ја плажата "Pema e Тhate", една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
- Посетете го "Syri & Kalter" (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.