Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.
S-STUDIO се наоѓа на 20м. од пешачката зона со многубројни продавници, кафичи, на само 2мин. До прекрасната песочната плажа и на 800 м. од познатиот бич бар Молос . Студиото е трокревето (ново 2019 ) опремени со основни елементи и прибор за готвење и ручавање, тоалет, тераса, wi-fi, клима.
3+1 студио, француски лежај + единечен кревет+ помошен кревет, опремено со кујна, шпорет, нов фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, сопствено дворче, Wi-Fi интернет, купатило со туш, клима уред.
(погоден за 3 возрасни лица, или за фам. со 2 деца до 12год.)
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
- Check in: 14:00h.
- Check out: 09:00h.
GPS:39.9998377,23.5757081
Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 19.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 31.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2025
Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања
Период | Ноќи | 1/2 | 1/3 | Коментар |
15.05-22.05.2025 | 7 | 99€ | 119€ | Промо |
22.05-29.05.2025 | 7 | 139€ | 179€ | Промо |
29.05-05.06.2025 | 7 | 179€ | 219€ | Промо |
05.06-12.06.2025 | 7 | 259€ | 279€ | |
12.06-19.05.2025 | 7 | 299€ | 349€ | |
19.06-26.06.2025 | 7 | 329€ | 359€ | |
26.06-03.07.2025 | 7 | 369€ | 399€ | |
03.07-10.07.2025 | 7 | 429€ | 469€ | |
10.07-17.07.2025 | 7 | 499€ | 539€ | |
17.07-24.07.2025 | 7 | 499€ | 539€ | |
24.07-31.07.2025 | 7 | 499€ | 539€ | |
31.07-07.08.2025 | 7 | 499€ | 539€ | |
07.08-14.08.2025 | 7 | 499€ | 539€ | |
14.08-21.08.2025 | 7 | 459€ | 489€ | |
21.08-28.08.2025 | 7 | 389€ | 419€ | |
28.08-04.09.2025 | 7 | 329€ | 359€ | |
04.09-11.09.2025 | 7 | 279€ | 309€ | |
11.09-18.09.2025 | 7 | 219€ | 219€ | Промо |
18.09-25.09.2025 | 7 | 169€ | 199€ | Промо |
25.09-02.10.2025 | 7 | 129€ | 149€ | Промо |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Информации, услови, попусти
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Цените обележани со портокалово се промо цени
Во цената е вклучено:
- Цена за НАЕМ на студио
- Интернет (Wi-fi)
- Клима уред
Во цената не е вклучено:
- Превоз,
- Патничко осигурување,
- Паркинг
- Доплата за помошен лежај 30еур (за 7ноќи) – се плаќа во објектот
- Туристичка такса 2,0 евра на ден (се плаќа во агенцијата).
ПРЕВОЗ:
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики – ЧЕТВРТОК | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04;00 | 50 € |
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол) | 04;30 | 50 € |
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес | 03;40 | 65 € |
Неготино – (БП Неготино) | 05;00 | 50 € |
Граничен премин – (БП Шимов) | 06;00 | 50 € |
Цена по лице за превоз Битола- Халкидики – ЧЕТВРТОК | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 05;00 | 45 € |
Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола | 04;15 | 45€ |
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола | 03;15 | 55 € |
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола | 03;30 | 55 € |
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола | 04;15 | 55 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Час и место на поаѓање од Грција
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Напомени:
- Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
- Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.