facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Kostas" - Неа Потидеа

7 Ноќи 8 Дена
цени од 89€

НА ПЛАЖА

ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA  ПЛАЖА (ПРВ РЕД)

НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА  “KOSTAS“  ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.

НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.

СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ  ИЗБОР  ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА  ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

Ценовник

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (18.05;25.05;01.06;08.06; 31.08;07.09;14.09 и 21.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО / ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во СТУДИО / ДУПЛЕКС потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат

                                        КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

  • За пакет аранжманот во СТУДИО / ДУПЛЕКС потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат
  • 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта;
  • 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
  • 10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
    • Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште

ВРЕМЕ И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ:

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:3часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:0часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:0часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

 

ОПИС НА СОБИТЕ

ДУПЛЕКС БР.1  (1/2+1/2)  4 ЛИЦА
Дуплексот располага со две спални соби, кујна и купатило со WC. Во  едната спалната соба има два поединечни кревети,клима уред и излегува на тераса. Во другата спална соба има два поединечни кревети, клима уред и излегува на тераса. Пред кујната има плакари за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Дуплексот е опремен со стандардно купатило и вц.

СТУДИО БР.2  (1/3)  3 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ

Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната , која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици со директен поглед на море.

СТУДИО БР.3  (1/3+1)  3+1 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ

Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, има можност и за дополнителен кревет на расклопување за дете до 12 год., плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море.

СТУДИО БР.7 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.

СТУДИО БР.8 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.

НАПОМЕНИ:

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
  • За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
  • Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

СТУДИЈАТА И ДУПЛЕКСОТ:

  • НЕМААТ КРПИ;
  • ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.