facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                                     Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Lica" - Полихроно

7 Ноќи 8 Дена
цени од 79€

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

ОПИС:

Локација: Вила Лица се наоѓа на одлична локација, на 50 м од песочна плажа, во центарот на Полихроно.
Сместување: Располага со апартмани за 3 и 4 лица. Четири апартмани се наоѓаат на високо приземје (бр.1, 2, 3, 4) и еден на прв спрат (бр.5). Се состојат од кујна каде има кревет на отварање или лежај со грчки димензи,голем фрижидер, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, спална соба со брачен кревет или спална и единечен кревет, две тераси со поглед на улица и поглед на двор. Паркинг.
Сместувањето е идеално за 3 возрасни и дете до 7г или 2 возрасни и 2 деца до 12г.

Важна напомена:

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи. Агенцијата не е одговорна за брзината на интернетот или јачината на сигналот поради технички проблеми.

Check in:    14:00h.
Check out:  09:00h.

Адреса и Gps: 40.01747983741245, 23.52757509305982
Litsa appartments
Polichrono 630 85, Greece
40.017507, 23.527616

-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 19.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 31.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2025

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Период Ноќи 1/3 АПП 1/3+1 АПП Коментар
15.05-22.05.2025                 7 99 € 119 €  Промо
22.05-29.05.2025 7 129€ 149€ Промо
29.05-05.06.2025 7 179€ 199€ Промо
05.06-12.06.2025 7 255 275  
12.06-19.05.2025 7 325 345  
19.06-26.06.2025 7 405 425  
26.06-03.07.2025 7 445 465  
03.07-10.07.2025 7 485 505  
10.07-17.07.2025 7 525 545  
17.07-24.07.2025 7 565 585  
24.07-31.07.2025 7 565 585  
31.07-07.08.2025 7 565 585  
07.08-14.08.2025 7 565 585  
14.08-21.08.2025 7 565 585  
21.08-28.08.2025 7 475 495  
28.08-04.09.2025 7 385 405  
04.09-11.09.2025 7 335 355  
11.09-18.09.2025 7 255 275 Промо
18.09-25.09.2025 7 189€ 219€ Промо
25.09-02.10.2025 7 149€ 179€ Промо

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Информации, услови, попусти

  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
  • На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Цените обележани со портокалово се промо цени

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,
  • Интернет (Wi-fi) –  (за брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме).
  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • Паркинг,
  • Патничко осигурување,
  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во објектот).

ПРЕВОЗ:

 Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 50 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04:30 50 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03:40 65 €
Неготино – (БП Неготино) 05:00 50 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06:00 50 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 45 €
Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 03:15 45 €
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 02:15 55 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 02:30 55 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 03:15 55 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Напомени:

  • Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)

  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.