facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Yotis" - Јерисос

7 Ноќи 8 Дена
цени од 99€

20 мeтри од  ПЛАЖА

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Во местото има супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “ЈОТИС“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.

Ценовник

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 05.09; 12.09 и 19.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

  • За пакет аранжманот во АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
  • Доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта;
  • 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
  • 10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
    • Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ:

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:3часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:0часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:0часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

 

ОПИС НА СОБИТЕ

АПАРТМАН  БР.1 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици.Во ходникот има плакар за алишта.Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.

АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.

ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) – 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса.Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта ,тв,клима.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна,аспиратор.Во кујната има ТВ ,клима уред и голема маса.Има стандардно купатило со WC. Дуплекс Мезонета е опрмен на сите прозори со комарници.

 

НАПОМЕНИ:

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
  • За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
  • Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените (зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

АПАРТМАНИТЕ:

  •  ИМААТ КРПИ ;
  •  ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.