ПРВ ДЕН - 20.09.2025 (сабота) СКОПЈЕ - СОЛУН - ЛАРНАКА
Состанок на групата 05:15 ч пред хотел Русија и поаѓање во 05:30 ч према аеродромот во Солун. Пасошки и царински формалности. Состанок на групата на аеродромот во Солун 10 : 00 / 10: 30 ч (локакно време) . Планирано полетување за Ларнака во 13:20 ч. Пристигнување во Ларнака во 15:20ч, организиран трансфер до хотелот, сместување , слободни активности , плажирање и ноќевање.
ВТОР ДЕН - 21.09.2025 (недела) ЛАРНАКА -АЈА НАПА - ЛАРНАКА
Појадок во хотел. Заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички центар на Кипар . Аја Напа- со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири како и прошетките низ прекрасната променада покрај море придружени со добар ручек.
Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко – неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Мора да се види „Мостот на љубовта“, прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Можност за плажирање.
Во договорено време со организиран трансфер се враќаме према Ларнака. Организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во
Ларнака, слободно време за кафе, ручек или коктел во некој од многубројните барови и ресторани кои се наоѓаат. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН - 22.09.2025 (понеделник) ЛАРНАКА - НИКОЗИЈА - ЛАРНАКА
Појадок во хотел. Поаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен LaikiGetonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички, Посета на Катедралата Архангел Михаил, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање. Предлог посета – Соленото Езеро и набљудување на фламингоси птици или користење на плажа.
ЧЕТВРТИ ДЕН - 23.09.2025 (вторник) ЛАРНАКА - СОЛУН- СКОПЈЕ
Појадок во хотел. По појадокот слободни активности и можност за плажирање. Време на поаѓање од хотел кон аеродром во 18:00ч по локално време . Време на лет Ларнака- Солун е во 20:30ч, пристигнување во Солун во 22:40ч. Трансфер од Солун до Скопје. Царински формалности и попатни паузи.