facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Седумте Светски чуда на античкиот свет

Огромни триаголни структури направени без никаква модерна опрема. Статуи високи колку и џиновите од бајките. Исклучителна архитектура со сложени детали, која ги зашеметува дури и најдобрите уметници.

Во 4-тиот век п.н.е., грчките патници започнале да пишуваат листа од прекрасни места и знаменитости, кои тие ги виделе. Создале многу листи, но само неколку се познати за нас денес. Меѓу нив е и листата која ја направил Херодот (Herodotus), историчар кој го охрабрил неконвенционалниот метод на истажување или учење. Листата која тој ја составил била листа на Седумте антички Светски чуда.

 

1. Големата Пирамида во Гиза (The Great Pyramid of Giza)

Пирамидата во Гиза или Кеопсовата пирамида, заслужува да се спомене на самиот врв поради две причини. Прво, тоа е единственото античко светско чудо кое сеуште постои. Второ, тоа е масивна градба од камен, која била изградена во време кога во светот не постоеле кранови и други градежни машини!

– Се проценува дека пирамидата тежи неверојатни 5.955.000 тони.

– Малтерот кој го користеле градежниците за да ги спојат камените блокови е толку уникатен, што научниците досега неуспеале да го рекреираат истиот!

– Кемитијците (Khemitians) од Египет, ги нарекувале пирамидите „per-neter“, кои имале примарна цел да генерираат, трансформираат и пренесуваат енергија.

– Се претпоставува дека првичните пресметки за обвивката на пирамидата, биле за тие да дејствуваат како големи огледала кои ја рефлектираат светлината толку силно, што може да се види од месечината!

 
svetski cuda antika minato istorija piramidi
Големата Пирамида во Гиза
 

Секој дел од конструкцијата, вклучувајќи го и издигнувањето, поставувањето на пирамидата и дизајнот биле прецизно пресметани и намерно избрани! Со тоа се поставува прашањето колку биле интелигентни и информирани античките цивилизации, зар не?

 

2. Колос од Родос (Colossus of Rhodes)

Колосот од Родос била статуа која се претпоставува дека била изградена во 2-риот век п.н.е., на грчкиот остров Родос. Статуата, за која е познато дека била висока околу 30 метри, била уништена од земјотрес во 226 година п.н.е.

– Статуата, која била направена од бронза, ја подигнал Чарлс од Линдос и таму стоела 54 години.

– На статуата е прикажан Хелиос, како стои со раздвоени стапала, секое стапало на мермерен пиедестал висок 15 метри, и го носи факелот со едната рака над главата.

– Земјотрес ја скршил статуата кај колената и поголемиот дел лежел на земјата, недопрен, цели 800 години. Се претпоставува дека бронзата од статуата била украдена од Арапски напаѓачи.

 

Колосот од Родос се наоѓа на листата на светски чуда, бидејќи кога листата се правела, оваа статуа сеуште постоела.

 
Колосот од Родос
 

3. Храмот на Артемида (Temple of Artemis at Ephesus)

„Кога ја видов светата куќа на Артемида, со кули кои ги достигнуваат облаците, останатите беа ставени во сенка.“ – ова го рекол еден грчки патник откако го посетил Храмот на Артемида, како и останатите светски чуда од листата.

Исто така, се нарекува и Храмот на Дијана, Храмот на Артемида во античкиот грчки град Ефес, кој се наоѓа во близина на Selçuk, во провинцијата Измир, во денешна Турција.

– Масивниот храм стоел високо исправен се до 7-миот век п.н.е., кога бил уништен од поплава.

– Втората фаза од изградбата на храмот била во 550 година п.н.е., но Херострат (Herostratus) го запалил во залуден обид да стане познат и на тој начин го уништил.

 

Локацијата на храмот денес е празна, со само неколку делови и столбови од структурата кои биле ископани во 18-тиот век од нашата ера.

 
svetski cuda antika minato istorija hram artemida piramidi
Храмот на Артемида
 

4. Висечките градини на Вавилон (Hanging Gardens of Babylon)

Самата фраза „висечки градини“ создава чувство на стравопочит кај многумина. Иако во неколку антички текстови се спомнуваат овие прекрасни и волшебни градини, сепак археолозите не успеале да најдат докази за нивното постоење. Всушност, историчарите сеуште не успеале да ја утврдат точната локација на овие градини.

– Доколку замисливте градини кои навистина „висат“, тогаш лошо сте замислиле. Градините се слоевита структура со тераси една над друга. Името потекнува од грчкиот збор „kremastos“, што значи преклопување како мала тераса на еден балкон.

– Царот Nebuchadnezzar II ја изградил градината за својата сопруга, на која и недостигало зеленилото на планините на кои живеела.

– Вавилон се наоѓал во дел од светот кој имал многу сува клима и каде многу ретко врнел дожд. Затоа, градинарите морале да користат систем за наводнување, за да ја донесат водата од реката Еуфрат па се до градините.

 
svetski cuda antika minato istorija piramidi vavilon
Висечките градини на Вавилон
 

Без оглед на информациите кои постојат за овие градини, сеуште не постои убедлив доказ дека тие навистина постоеле. Дури и да постоеле, тие биле уништени во земјотрес за време на 2-риот век п.н.е., согласно одредени извештаи.

 

5. Светилникот во Александрија (Lighthouse of Alexandria)

Фаросот или светилникот во Александрија се смета за една од најнапредните технолошки структури од 3-тиот век п.н.е. Светилникот бил изграден за време на Египетското кралство Ptolemy, на пристаништето во Александрија, за да ги води бродовите кои доаѓале кон градот од Средоземното море.

– Биле потребни 20 години за да се заврши изградбата на светилникот. Се претпоставува дека е првиот светилник и исто така највисоката зграда во светот во тоа време. Но, сепак не бил повисок од пирамидите.

– За разлика од светилниците со еден столб, кои ги гледаме денес, Фаросот наликувал повеќе на облакодер со повеќе нивоа, почнувајќи од најширокиот на дното, па се до најтесниот на врвот од кулата.

– Иако не се знае што точно го уништило светилникот, многумина веруваат дека оваа градба, како и многу други, била жртва на земјотрес.

 
svetski cuda antika minato istorija aleksandrija svetilnik
Светилникот во Александрија
 

Светилникот бил повеќе од само кула која им го покажувала патот на бродовите со својата светлина. Тоа било архитектонско чудо со статуи на богови и божици во внатрешноста, што придонело повеќе да наликува на деловна зграда од 20-тиот век, отколку на светилник.

 

6. Статуа на Зевс во Олимпија (Statue of Zeus at Olympia)

Статуата на Зевс била статуа висока 12,8 метри, поставена во античкиот спортски град Олимпија, во 2-риот век п.н.е. Статуата се наоѓала во светилиштето на Зевс, кое било дел од спортскиот комплекс во Олимпија, каде се одржувале годишните игри.

– Статуата била изработена од дрво и покриена со злато и панели од слонова коска.

– Градот Олимпија имал многу голема влажност на воздухот, па поради тоа тие дополнително се грижеле за статуата, полирајќи ја со маслиново масло за да се спречи било какво оштетување.

– Статуата била толку висока и толку блиску до покривот на храмот, што доколку Зевс оживеел и застанал, главата ќе му дошла до над покривот.

 
svetski cuda antika minato istorija statua zevs olimpija
Статуа на Зевс во Олимпија
 

Според историчарите, статуата била уништена во пожар или на својата оригинална локација или пак во Цариград (денешен Истанбул), каде што била испратена за еден грчки колекционер.

 

7. Мавзолејот во Халикарнас (Mausoleum at Halicarnassus)

Дали некогаш сте се запрашале зошто гробница уште се нарекува и мавзолеј? Според приказната, гробницата на турскиот Цар Mausolus била дизајнирана и изградена од грчки архитекти во градот Халикарнас (денешен Бодрум) во Турција. Дизајнот на гробницата бил толку многу убав, што Антипатерот од Сидон решил дека овој мавзолеј ќе биде едно од седумте светски чуда.

– Гробницата била масивна бела структура, која била изработена од мермер и била висока 13 метри.

– Надворешниот дизајн имал прекрасна резба, која ги прикажувала кралот и кралицата во кочија влечена од коњи.

– Во дизајнот на структурата е видливо влијанието на египетски, грчки и ликијски архитектонски стилови.

 
Мавзолејот во Халикарнас
 

Структурата на гробницата преживеала напад од Александар и од пирати, но подлегнала на земјотрес. Деловите од уништената градба биле искористени за реконстукција на некои други згради во градот, од страна на крстоносците во 13-тиот век. Зборот Мавзолеј, фраза користена за гробницата на Mausolus, оттогаш се користи за да ги опише сите државни гробници.

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.