facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Белград - градот каде што се сретнаа Сава и Дунав

Белград има богат ноќен живот и токму поради тоа српската метропола го добила прекарот „Градот на гревот“. Ноќниот живот во овој град дефинитивно не заостанува од големите и популарни светски метрополи.

НЕДОЗВОЛЕНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА СОДРЖИНАТА!  КАЗНИВО СО ЗАКОН!!!

Дури и најпознатиот туристички водич Lonely Planet го става Белград, како балканска престолнина на прво место на листата од 10 највозбудливи светски градови за ноќен живот.


Белград е град кој никогаш не спие. Не е важно дали е викенд или работен ден, во Белград секогаш имате каде да се забавувате. Седум дена во неделата се денови за провод. Ова го прави градот идеален за забава и опуштање на бројните туристи. Туристите ги привлекува и шармот на Белграѓаните, кои се друштвени, опуштени, отворени и секогаш спремни за забава.

Една од работите што дефинитивно не недостасува во Белград се местата за забава. Овој град нуди лепеза на кафани, кафичи и дискотеки. Има премногу за да ги набројуваме, но затоа ќе дадеме одредени насоки за тоа како и каде најдобро да го доживеете ноќниот живот во овој град.

1. Кафани

Белградските кафани се одлично место за загревање, со пиво или нешто жестоко. Уживање во вечера, богата со месо и со трубачи кои се еден од заштитните знаци на ноќниот живот во Белград. Тие се составен дел на традицијата исто и како место за утринско опоравување со кафе и чорба од вечерното излегување. Бидејќи во Белград не е реткост да од град се продолжи на работа, без да свратите дома. 


2. Сплавови и клубови

Во Белград исто како и кај нас ноќниот живот започнува во доцните саати. Така да клубовите својата врата најчесто ја отвараат после 23 часот. Откако сте се загреале во кафана, на вас останува само да одберете дали ноќниот живот ќе го продолжите на копно или на вода. Во Белград има многу клубови и на „цврсто тло“, но сепак она што е карактеристично и уникатно за Белград се сплавовите. Овие сплавови со егзотични имиња и амбиент се најчесто причината зошто туристите го посетуваат овој град. Не само што сплавовите се заштитен знак на Белград туку и една од главните причини зошто Белград станал центар на забавата на Балканот.


3. Boat Party

Зошто забавата да биде само навечер? Пловењето со брод по Сава и Дуна е одлична прилика за панорамски разглед на градот. Може да ви биде за почеток или крај на вашиот престој во градот на ноќниот живот. Ние би ви препорачале проводот во Белград да го започнете со Boat Trip, да продолжите во кафана и утрото да го дочекате на еден од легендарните сплавови.


Ова што го наведовме е на кратко да ви го доближиме ноќниот живот во Белград, ако ова Ве привлече и одлучивте најлудата, Новогодишната ноќ да ја поминете во овој град целосната понуда може да ја погледнете овде.

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.