20 мeтри од ПЛАЖА
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Во местото има супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “ЈОТИС“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.
Ценовник
12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.11.2024!
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
смените со звездичка се со веќе пресметан попуст
( акциските попусти важат за смените без звездичка )
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 16.11.2024 !
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 05.09; 12.09 и 19.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
- За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
- трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
- Доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 50 € за возрасни – повратна карта;
- 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
- 10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
- Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ:
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
Град | Место на тргнување | Време |
Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:15 часот наутро |
Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 04:30 часот наутро |
Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |
ОПИС НА СОБИТЕ
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици.Во ходникот има плакар за алишта.Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.
ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) – 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса.Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта ,тв,клима.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна,аспиратор.Во кујната има ТВ ,клима уред и голема маса.Има стандардно купатило со WC. Дуплекс Мезонета е опрмен на сите прозори со комарници.
НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
АПАРТМАНИТЕ:
- ИМААТ КРПИ ;
- ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.