30.12.2025 - ПРВ ДЕН ( СКОПЈЕ - МАДРИД )
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
31.12.2025 - ВТОР ДЕН ( МАДРИД )
Појадок. После појадокот се упатуваме на панорамско разгледување на градот.
Во модерниот дел од градот ќе ги видиме : 5те кули и останатите облакодери и споменици во Paseo de la Castellana како и стадионот Santiago Bernabeu, потоа Korida Ventas, плоштад Kolumba, паркот Retiro, улицата Paseo de Prado каде што се наоѓаат многубројните музеи, египетскиот храм Debot и поминување низ улицата Gran Via.
По завршување на панорамскиот разглед следува слободно време.
Во вечерните часови дочек на Нова Година на плоштад.
Индивидуално враќање во хотел.
Ноќевање.
01.01.2026 - ТРЕТ ДЕН ( МАДРИД - ТОЛЕДО )
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид.
Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан.
Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко.
Во договорено време враќање назад во хотел.
Ноќевање.
02.01.2026 - ЧЕТВРТИ ДЕН ( МАДРИД - СЕГОВИЈА )
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно патување до Сеговија.
Сеговија се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, на околу 180 км од Мадрид.
Главни карактеристики на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, за што Сеговија е вклучена во листата на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се направени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастиља што ја опкружуваат Сиера де Гвадарама.
Обиколка на стариот дел од градот: Плаза Мајор, панорама на катедралата, Трг Св. Мартина, благороднички кварт со палати и цркви.
Обиколка на замокот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка.
Во договорено време враќање назад во хотел.
Ноќевање.
03.01.2026 - ПЕТТИ ДЕН ( МАДРИД - СКОПЈЕ )
Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата).
Индивидуално враќање во хотел.
Организиран трансфер до аеродром.
Полетување во 20:45ч.
Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.