Будва - Нова 2027 Година

1 Лице 3 ноќи 5 Дена
Цена од 169€
  • Код на аранжманот: NewYear-SK002

Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, стара повеќе од 2500 години, и едно од најатрактивните места на Јадранскиот брег, позната по Стариот Град и ноќниот живот со многу дискотеки, кафулиња и ресторани. Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни настани на плоштадот пред самиот Стар Град, со разновидна програма, бројни музички изведувачи и огромен огномет. Не постои позната музичка ѕвезда од регионот која нема посакано здравје, среќа и успех на десетици илјади луѓе собрани на будванскиот плоштад. Така ќе биде и оваа година!

Замислете го дочекот на Новата година покрај морето, со омилените песни, светлата на градот и магичната атмосфера на Стариот Град!

И оваа година, Будва ве очекува со многу музика, забава и незаборавни моменти!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

169€ / 10.478,00 денари

Во понудата е вклучено

  • Превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Грбаљ – Будва
  • Организација и реализација на патувањето
  • Претставник од агенцијата за време на целото патување

Во понудата не е вклучено

  • Факултативна посета на Котор и Тиват: 20€
  • Факултативна посета на Дубровник: 35€
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Факултатива за 31.12.2026 во Котор – забава со Здравко Чолиќ: 15€
  • Факултатива за 01.01.2027 во Бар – забава со Дино Мерлин: 15€
  • Влезници за културно-историските споменици

Попусти и доплати

Трансфер од Прилеп, Кавадарци, Неготино (Росоман кај бензинската пумпа) и Велес.

  • Доплата за еднокреветна соба: 50%
  • Попуст за деца до 10 години: 30%
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалку три месеци пред истек (за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник).

Реализација на понудата или откажување

  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 40 патници. Во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуално откажување на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалку три месеци пред истек (за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска).
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница. Ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да бидат во придружба на пратител при преминувањето на границата.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ.

Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување.

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување!

Резервирај сега

ПРВ ДЕН – 30.12.2026. (среда)
Поаѓање во 21.00 часот од паркингот на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Будва и сместување. Слободено време за прошетка низ Будванската ривијера. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање. Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ
Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро и Котор.. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Забава на плоштад (индивидуално)-во Будва. Забава во БАР (факултатива) –соДИНО МЕРЛИН.
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Поаѓање повторно према центарот на градот каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Ноќевање. Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.
Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.