Сутоморе - Нова 2027 Година

1 Лице 3 ноќи 5 Дена
Цена од 99€
  • Код на аранжманот: NewYear-SK001

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните паркови за деца и другите објекти за забава, е омилена туристичка дестинација и нуди можност за интересен дочек на Новата година.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

99€ / 6.138,00 денари

Во понудата е вклучено

  • Превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања во Сутоморе (приватно сместување)
  • Организација и реализација на патувањето
  • Претставник од агенцијата за време на целото патување

Во понудата не е вклучено

  • Влезници за културно-историските споменици
  • Факултатива за 31.12 во Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ: 15€
  • Факултатива за 01.01.2027 во Бар – забава со Дино Мерлин: 10€
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Факултативна посета на Дубровник: 35€
  • Факултативна посета на Котор и Тиват: 20€

Попусти и доплати

Трансфер од Прилеп, Кавадарци, Неготино (Росоман кај бензинската пумпа) и Велес.

  • Доплата за еднокреветна соба: 50%
  • Попуст за деца до 10 години: 30%
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалку три месеци пред истек (за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник).

Реализација на понудата или откажување

  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 40 патници. Во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуално откажување на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалку три месеци пред истек (за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска).
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница. Ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да бидат во придружба на пратител при преминувањето на границата.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ.

Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување.

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување!

Резервирај сега

ПРВ ДЕН – 30.12.2026. (среда)
Поаѓање во 21.00 часот од паркинг на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Сутоморе. Слободно време за одмор и прошетка. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (организиран трансфер) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање. Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ
Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро, Котор и Будва. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Враќање во Сутоморе. Забава на плоштад -во Будва. Забава на плоштад -во Будва. Организиран превоз од Сутоморе, во договорено време враќање во Сутоморе. Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН.
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање воСутоморе. Поаѓање повторно према центарот на Будва каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Во договорено време враќање во Сутоморе. Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.
Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.