И овој Велигден отпатувајте заедно со нас во магичниот град на два континенти – Истанбул!
Изграден на 7 брда, Истанбул денес е светска метропола која изобилува со културно -историски споменици, музеи, културни центри, над 20 универзитети, природни богатства, традиционална и модерна архитектура и вкусна, турска кујна.
Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
Сместување
Хотел 3* во Аксарај или Лалели
Сместувањето е во хотел со 3* со вклучен појадок.
Хотелот се наоѓа во областа Аксарај или Лалели на 15-20 минути оддалеченост од Капали Чаршија.
За името на хотелот се известува на 2 дена пред поаѓање.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Што е вклучено во цената
- Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз Скопје,Велес,Штип,Неготино,Струмица,Смоквица ,Гевгелија,Прилеп и Битола
- Туристичка такса
- Tуристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
- Посета на аутлет трговски центар ,, 212
Што не е вклучено во цената
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Важно
- Задолжителна проверка на пасошот.
- Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
- СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот. - Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција - Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
Факултативни излети
ПОСЕТА НА БАЛАТ И ТАКСИМ - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА ( СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА)
Цена за пакет: 25€
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
Tаксим. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
МИНИАТУРК И ОРТАЌОЈ
Цена за пакет: 25€
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Ортаќој
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .
КРСТАРЕЊЕ И ПОСЕТА НА АЗИСКИ ДЕЛ ( ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ)
Цена за пакет: 85€
- Крстарење по Босфор
Ви нудиме 1 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул - Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас. - Палата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј. - Кадиќој
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе. - Чамлиџа џамија.
Џамијата „Чамлиџа“ се наоѓа во истанбулската населба Ускудар, а нејзиниот камен-темелник пред повеќе од три години го постави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Новата истанбулска џамија е изградена во отоманско-селџучки стил со елементи на модерна архитектура,а поради изгледот и местоположбата веќе претставува впечатлив симбол на самиот град.
Покрај џамијата, изградени се и придружни објекти како и парк.
Џамијата може да прими 60 000 верници (околу 25 000 во внатрешноста,12.500 во дворот, и 22.500 во надворешниот двор).
ВИП ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ
Цена за пакет: 125€
Во цената за ВИП пакетот е вклучено посета на сите факултативни излети.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува Среќни Велигденски празници