Атина е град којшто ги има поминато сите фази на општествено уредување. Од робовладетелство, преку капитализам, социјализам, комунизам, феудализам до демократија. Атина сама по себе е една од најпосетуваните дестинации. Годишно ја посетуваат 17 милиони туристи, па со самото тоа ни е јасно зашто Грција никогаш не банкротира. Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина. Атина е приказна која трае…
План и програма
ПРВ ДЕН 13.02.2025 (ЧЕТВРТОК)
Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
ВТОР ДЕН 14.02.2025 (ПЕТОК)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.
Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.
Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
ТРЕТ ДЕН 15.02.2025 (САБОТА)
Атина-Корнит-Пелопонез
Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).
Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.
Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.
Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН 16.02.2025 (НЕДЕЛА)
Појадок.
Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра (7.998 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 евра (9.858 денари)