facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Ксамил - Место на тиркизно море

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. 

Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места. 

Патувањето до Ксамил е долго, но не е многу напорно бидејќи патувате преку соседна Грција и после поминати 57 тунели долж грчкиот автопат ќе ја преминете границата на Албанија. 

Лесно се патува преку граничниот премин Ќафасан ( Струга), кое што исто така нема да биде многу напорно бидејќи е изграден нов автопат во Албанија преку кој што се стасува побрзо.

После преминувањето на границата нема многу да се воодушевите, но како што наближувате ќе Ви се промени впечатокот. Стигнувате најпрво до Саранда, град кој што наликува на Италијанските градови, место со луксузни хотели, средено, чисто, место со вкусна храна и гостопримливи домаќини.

На 10 до 15 минути возење пристигнувате до местото со тиркизна вода и егзотични песочни плажи, Ксамил. Ќе се почувствувате дека се наоѓате во некое место во Грција, нема ни да помислите дека сте во Албанија.

Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Најблискиот островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. 

До пооддалечениот остров, кој има плажа, секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација.

Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Тука гирото е далеку поевтино и можеби подобро и од Грција, имате пиво за 90-100 денари на плажите, а кафето се движи од 60-80 денари.
Неколкуте острови во морето дополнително Ви создаваат пријатно чувство, а во далечината се гледа и Крф, каде можете да стигнете преку пристаништето во Саранда.

Она што изненадува е вистинското гостопримство на кое ќе наидете, едноставно во секој маркет, ресторан и кафуле ќе бидете пречекани со насмевка, а на крајот благодарно ќе ви кажат “фала”.

Воедно за сите оние кои летово ќе се најдат во Албанија во близина на Ксамил и Саранда и оние кои се љубители на недопрена дива природа, задолжително посетете го магичното „Сино око“ којшто претставува синоним за природна тиркизна убавина и нурнете во длабокиот извор. 

Уникатна природна убавина на само 20 km оддалеченост од центарот на Саранда која е извор длабок од околу 50 метри под земјата низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s.
„Синото око“ е обвиено со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј природен мирис се меша со бучното тиркизно синило.


Доколку сте заинтересирани за лето 2024 за Ксамил кликнете ТУКА

ДОБИЈТЕ ПОВЕЌЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО!

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.