facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Зошто туристичките агенции се подобра опција?

Колку и да е во некои ситуации попрактично, да се резервира сместување или лет со неколку кликови, постојат безброј причини кои одат во прилог на традиционалниот начин на организирање на патување, а тоа се старите добри Туристички агенции.

Во време кога се можите да направите по пат на интернет, и кога онлајн платформите за резервации на сместување уживаат се поголема популарност, голем број на луѓе своите патувања ги осмислува и резервира преку интернет. Сепак , овај начин има свои мани заради кои туристичките агенции и понатаму се многу подобра опција за организација на патување. Тоа се:

Туристичката агенција , го прави Вашето патување помалку стресно...

Кога резервирате одмор или свадбено патување или меден месец, последно што ви треба се грижи и нервози.
Имајќи во предвид дека патувањата претставуваат прилика за стекнување на доживотни посебни спомени , јасно дека на туристите најбитно им е да нивните авантури во целост бидат едно пријатно искуство. Со оглед на тоа што агенциите ја превземаат целата организација на себе и теретот кој таа го претставува, Вие можете да се фокусирате само на забавниот дел на патувањето и на тоа што ќе спакувате во Вашиот куфер.

Агенциите Ви заштедуваат пари...

Професионалците имаат посебни попусти кај добавувачите па така Ви заштедуваат пари при резервација на сместување или превоз или ќе Ви обезбедат гратис вечера во ресторан ,или посета на СПА центар кој не Ви бил достапен во самостална организација на патувањето.
Како Вие сами би направиле резервација за одмор во Анталија, Хургада,Тунис или било каде по овие цени што Ви се понудени од македонските туроператори.

Агенциите Ви заштедуваат време...

Според спроведени анкети, скоро една третина од туристите потрошиле неколку денови за планирање на патувањата. Тоа покажува уште една предност на туристичките агенции кои за Вас планираат програма, летови, прекачувања , сместување, екскурзии, посети, оброци или ексклузивни содржини - се тоа зависи од Вашите желби и можности, и Ви останува време да се занимавате со други дејности.

Агенциите знаат кои места не смеете да ги пропуштите...

Кога одите на непознат терен, на кој сакате добро и безбедно да се проведите, да се храните со добра локална храна, да се забавувате или рекреирате ,и тоа како Ви значи проверена информација , без да читате безброј рецензии и коментари на Вашите предходници кои се жалат.. Туристичките водичи, добро ги познаваат дестинациите на кои сте се упатиле ,како својот џеб.

Туристичките агенции не наплатуваат скриени трошоци..

Многу добро знаат оние кои патуваат во своја режија, дека одредени трошоци не се наведени на сајтовите преку кои резервирале. Такво нешто нема да Ви се случи при аранжман резервиран преку туристичка агенција , и доколку некаде се наплаќаат некои такси Вие претходно ќе бидите известени.

Агенциите ги застапуваат Вашите права...

Неретко се случува патувањето да биде откажано неколку недели пред поаѓање, од различни причини, но тогаш сами сте изложени на ризик.
Во случај да сте резервирале преку туристичка агенција, и ако нешто слично се случи, имате право на оштета или барем враќање пари што секако е подобро од ситуацијата во која на сред сезона сте останале ем без сместување, ем шансите за пронаоѓање на друго се драстично намслени.

Го имате целото нивно внимание...

За разлика од онлине сајтовите на кои се резервира сместување и превоз и кои не ги уважуваат посебните потреби на одредени патници, туристичките агенции, својата понуда ја составуваат на база на Вашите преферирања. Доколку имате некои недоумици агенциите ќе ги решат за Вас.
Агенцијата ви дава гаранција дека Вашата хотелска соба е слободна или дека фирмата што организира екскурзии е проверена. Агенција Ви гарантира дека нема да останете на цедило.

Агенциите се тука за Вас 24/7...

Туристичките агенти се тука за Вас нон стоп ,седум денови во неделата, за време на резервацијата и после тоа.
Од друга страна, ајде пробајте да ја контактирате агенцијата преку кој сте резервирале онлајн во случај нешто лошо да се случи. Е тоа е еден цел ланец на луѓе и повеќедневна комуникација со секоја карика од тој систем додека добиете информација и прашање дали ќе ја добиете.

Туристичките агенти се професионалци...

Агентите се специјализирани за тоа да во планирање на патувањето вклучат Ваши лични интереси, при тоа имаат комплетен увид за специфични дестинации и сите сегменти на патувањето. Добар туристички агент посветува време за запознавање на клиентите, за да можи по нивна мера да го понуди и скрои патувањето.

Агенциите максимално се посветија за враќање дома на патниците кои за време на Ковид19 пандемијата останаа на дестинациите за кои имаа повратни авионски билети, а за кои за сегмантот на враќање се укинаја летовите заради забраните за преминување на границите. Сите патници безбедно се вратија, без дополнителни трошоци за нови карти, за разлика од тие патници кои сами резервираа онлајн билети и сеуште немаат права информација како да добијат рефундација и повторно бараат помош од агентите.
Сепак имајте во предвид дека станува збор за професионалци , кои секогаш се тука за Вас.

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.