facebook    instagram  | +389 75 845 711 |  orbita_info@yahoo.com | понеделник - петок:  08:00 - 20:00   сабота: 09:00 - 15:00                                        Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила Ексклузив - Сутоморе

9 Ноќи 10 Дена
220 €

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима ,ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

20% попуст за целосна уплата до 15.01.2024

СМЕНА ПЕРИОД УСЛУГА В.ЕКСКЛУЗИВ
1 18.06-27.06 9 HB 295
2 27.06-06.07 9 HB 295
3 06.07-15.07 9 HB 295
4 15.07-24.07 9 HB 295
5 24.07-02.08 9 HB 305
6 02.08-11.08 9 HB 305
7 11.08-20.08 9 HB 305
8 20.08-29.08 9 HB 295
9 29.08-05.09 7 HB 240
10 05.09-12.09 7 HB 230
11 12.09-19.09 7 HB 220

* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

  • (9 или 7 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз)
  • Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
  • Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба
  • Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба
  • Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
  • Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра ).
  • Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
  • Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица.

    Поаѓање за Црна Гора:
  • Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот
  • Велес "Бензинска пумпа Макпетрол - наспроти мотел Македонија" - 04:00 часот
  • Росоман "Бензинска пумпа Црна Река" - 03:00 часот
  • Прилеп "Стара Автобуска" - 02:00 часот  
    •  Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
    • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
  • Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

    ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

    НАПОМЕНА
  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • ТА Орбита не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

08:00 - 20:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.