facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Наша препорака

Издвојуваме од понудата и ви препорачуваме:

» DESERT ROSE RESORT 5*
Еден од најатрактивните фамилијарни ALL INCLUSIVE хотели во Хургада, погодно лоциран во туристичка зона на самиот брег на Црвеното Море. Располага со огромни зелени површини, голем број на барови и ресторани, аква парк, голема плажа...

» LABRANDA ROYAL 5*
Хотел со врвна услуга, богати содржини и ретко убава голема песочна плажа - погодно лоциран на самиот брег на Црвеното Море, во прекрасниот залив Макади Беј (Makadi Bay). Одличен избор за мирен и спокоен одмор на море.

» CONTINENTAL RESORT 5*
Сериозно квалитетен хотел со традиционално отмена услуга и содржини - идеален за удобен и спокоен одмор на брегот на Црвеното Море. Мирна атмосфера и сервис налик на бутик хотел, прекрасна природна песочна плажа вдолж брег од палми, а надвор - атрактивно туристичко шеталиште (Memsha), ресторани и барови, Buddha Bar, Hard Rock...

» JAZ MAKADINA 5*
Престижен и отмен хотел лоциран во еден од туристички најатрактивните луксузни хотелски комплекси во Хургада - MADINAT MAKADI. Првокласна 5* услуга, прекрасна песочна плажа, аква парк, голф терени, вкусна храна...

» SHERATON SOMA BAY 5*
Изграден во стилот на импресивниот храм Карнак, овој отмен и луксузен хотел ја има една од најубавите лагуни на Црвеното Море!

» PYRAMISA SAHL HASHEESH 5*
Огромен All Inclusive ресорт полн со содржини распослани низ прекрасно оплеменети градини, лоциран директно на долга песочна плажа во елитната туристичка зона Sahl Hasheesh.

» TITANIC ROYAL 5*
Овој сосема нов и луксузен хотел сместен на самата обала на Црвеното Море, поседува повеќе различни базени со вкупна површина од дури 5.200 м2, свој аквапарк со 13 тобогани, неколку ресторани и барови, софистицирано опремени соби и лобија, спа центар, детски клуб, и многу, многу други содржини.

» SUNNY DAYS RESORT 4*
Континуирано еден од најпопуларните и секогаш фотогенични хотели на Црвеното Море во Хургада. Од 2020 година, поранешните два Sunny Days хотели (Palacio & Palma De Mirette) се спојуваат во еден голем ресорт богат со содржини.

» MERAKI BEACH RESORT 4* (Adult Only)
Уникатен, модерен и секогаш забавен, еден од најпопуларните - МЕРАКЛИСКИ хотели. Уживајте и чувствувајте се живи во уникатната атмосфера на овој хотел само за возрасни

» FORT ARABESQUE RESORT 4*+
Хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, лоциран во живопосниот залив Makadi Bay - на преубава сопствена песочна плажа долга 900м - една од најдобрите во целиот  регион на Хургада. Официјална категоризација е 4*+, но наша категоризација - чисти 5* !

 

 
 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.