facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Хотел "Tino" 4* - Свети Стефан, Охрид

Сместен на брегот на Охридското Езеро, хотелот Тино Свети Стефан нуди бесплатен wi-fi, бесплатна климатизација, 24 часовна рецепција, велнес центар и ресторан, бесплатен паркинг за гостите (со претходна резервација), конференциска сала.
Хотелот располага и со внатрешен базен, надворешен базен и излез на брегот на Охридското Езеро. Вкусен појадок се служи секое утро во хотелот, а за вечера може да се ужива во ресторанот во куќата. Исто така, достапна е и услуга во соба. Велнес областа на хотелот се состои од затворен и отворен базен, сауна, амам и фитнес центар. Масажата се доплаќа и истата е на барање. Во самиот хотел има и посебна просторија за оставање на багажот. Античкиот театар на Охрид се наога на 4км од хотелот, а аеродромот се наоѓа на 12км.
Сместување:
Хотелското сместување располага со двокреветни соби со балкон, апартман со балкон и поглед кон езеро, трокреветна соба со поглед кон езеро, двокреветна соба со поглед кон езеро, економи двокреветна соба. Секоја соба е удобно опремена со балкон, ТВ со рамен екран и мини бар, сопствен тоалет.

ЦЕНОВНИК АПРИЛ - АВГУСТ 2024

 

АПРИЛ 2024

МАЈ 2024

29.04-07.05.2024

ЈУНИ

ЈУЛИ/АВГУСТ

Недела –

Четврток

2.450 HB

2.300 BB

2.760 HB

2.610 BB

3.370 HB

3.220 BB

3.680 HB

3.530 BB

4.290 HB

4.140 BB

Петок и

Сабота

2.760 HB

2.610 BB

3060 HB

2.910 BB

3.370 HB

3.220 BB

3.680 HB

3.530 BB

4.290 HB

4.140 BB

Деца до 5,99

години

гратис

гратис

гратис

гратис

гратис

Дополнително легло за деца од 5,99 до

11.99 години

50% од цената по лице

50% од цената по лице

50% од цената по лице

50% од цената по лице

50% од цената по лице

Доплата за поглед езеро

300

300

300

300

300

Цената вклучува:

  • Цената е по лице на ден со вклучен појадок и вечера 
  • Цените се со вклучен ДДВ.
  • користење на внатрешен затоплен базен 30°
  • детски затоплен базен,
  • спа центар со џакузи 35°
  • сауна и парна бања,
  • детско катче,
  • Wi-Fi

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • масажи, третмани и солариум.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса.( 40 денари по лице на ден )

Доплата и попусти:

  • Деца до 5,99 год во двокреветна соба–гратис (без дополнително легло,со вклучен појадок и вечера )
  • Трето лице во стандардна трокреветна соба има 25% попуст од цената по лице
  • Доплата за соба поглед езеро
  • Понудата не важи за празници!
  • Во апартманите е потребно уплата за минимум 3 лица (full paying) (ако има 4-то лице доплата зависно од возраста)
  • Во двокреветна соба минимум 2 полни платежни суми
  • За деца до 11.99 години не се доплаќа, со дополнително легло во соба
  • Во една двокреветна соба има можност за максимум едно дополнително
    легло, за дете до 11.99 години

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.