facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Хотел "Aurora Resort & Spa" 5*- Берово

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка. Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

АУРОРА РЕСОРТ & СПА 5* (Берово), мало парче рај, од мир и спокојност, создадено за незаборавни искуства.

На окулу 160км од Скопје, односно на помалку од 2 часа возење, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија со надморска височина од 1100 метри, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Токму во овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва налик ботаничка градина, збогатен со живописен природен резереват во кој слободно живеат срнички, зајачиња и други животинчиња, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Со своите содржини меѓу кои е прекрасниот и убедливо најфотографираниот инфинити базен во Македонија; СПА центарот; Ресторан во кој освен во врвната храна може да се ужива и во уметнички ремек дела на најпознати наши и светски автори; баровите со големи надворешни или затворени тераси; комфорните и модерни соби со прекрасен поглед; беспрекорната услуга од светска класа, како и големиот избор од други интересни планински содржини, го прават овој луксузен a сепак интимен комплекс совршено бегство од секојдневието – место за вистински одмор. 

Хотелот е исто така максимално подготвен и специјализиран да одговори на сите видови корпорациски барања и услуги вклучувајќи ги активностите на тим билдинг, состаноци, конгреси, семинари, самити и конференции.

А за вашите прослависвадбивенчавки и други специјални моменти кои се паметат цел живот, Аурора Ресорт и Спа е вистинскиот избор…

РОМАНТИЧНО БЕГСТВО:

РОМАНТИЧНО БЕГСТВО
3 дена / 2 ноќевања со појадок и романтична вечера + спа + масажи
Категорија на соба Работни денови - цена по лице Викенд цена по лице
Џуниор Свит - Класик 11.098,00 МКД 12.958,00 МКД
Суперир со поглед 11.098,00 МКД 12.958,00 МКД
Џуниор Свит Премиум со поглед 12.338,00 МКД 14.198,00 МКД
Делукс Премиум Свит со поглед 12.338,00 МКД 14.198,00 МКД
Арт Студио 13.578,00 МКД 15.438,00 МКД

Детали за пакетот:

  • 2 ноќевања на база полу пансион (појадок и вечера) во тип на соба по избор
  • вечера во приреден романтичен амбиент
  • 1 вино или шампањ во соба за добредојде
  • Користење на услугите на спа центарот по 1 час дневно (затворен затоплен базен, парна бања, сауна) со претходна резервација
  • по една последователна масажа за двајцата во времетраење од 30 минути

 

ФАМИЛИЈАРЕН ПАКЕТ:

ФАМИЛИЈАРЕН ПАКЕТ
Пакет цена за две ноќевања за 2 возрасни и 2 деца (0-11.99 години) - Лесен полн пансион (појадок, лесен ручек и вечера)
Категорија на соба Работни денови Викенд Дополнително ноќевање
Џуниор Свит - Класик 19.964,00 МКД 22.196,00 МКД

Работни денови 8.928,00 МКД 

Викенд 9.982,00 МКД

Делукс Премиум Свит со поглед

19.964,00 МКД 22.196,00 МКД

Работни денови 8.928,00 МКД

Викенд 9.982,00 МКД

Џуниор Свит Премиум со поглед 23.622,00 МКД 25.854,00 МКД

Работни денови 10.602,00 МКД

Викенд 11.594,00 МКД

Вила Апартман 30.938,00 МКД 35.464,00 МКД

Работни денови 13.888,00 МКД 

Викенд 15.934,00 МКД

Вила Џакузи Апартман 36.580,00 МКД 41.044,00 МКД

Работни денови 16.430,00 МКД 

Викенд 18.476,00 МКД

Детали за пакетот:

  • Ноќевања во одреден тип на соба по ваш избор.
  • Лесен полн пансион (појадок + лесен ручек + вечера)
  • Бесплатни билети за Мини Зоолошката
  • Користење на услугите на спа центарот по 1 час дневно (затворен затоплен базен, парна бања, сауна) со претходна резервација

3то возрасно лице – -30% попуст 

Сместување: максимум 2 лица + 2 деца (0-11.99год) или 3 лица + 1 дете (0-11.99год)

 

Хотелска политика за откажување на резервација:

Ø  30 дена пред пристигнување - се изготвува вредносен ваучер

Ø  15 дена пред пристигнување – не е возможно ново користење на средства или резервација

Хотелска политика за наплата на престој за деца во присуство на родител:

Ø  Дете под 2,99 години – БЕСПЛАТНО

Ø  Прво дете 3-11,99 – бесплатно (освен ако не е наведено поразлично во пакет престој)

Ø  Второ дете 3-11,99 плаќа 50% од цената за возрасен

Ø  Децата над 12 години, плаќаат за престојот по цена на возрасно лице.

Важно:

*** Цените се изразени во Евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62,00 денари за 1 Евро;
*** Цените не вклучуваат осигурување и туристичка такса за престој (45 денари од лице по ноќевање за возрасен односно 5 денари по лице за деца до 12 години). Овој износ се плаќа на рецепција во хотелот;
*** Политика за сместување на деца е во согласност со регуларните правила на хотелот:
- дете на возраст до 2.99 год бесплатно;
- дете на возраст од 3 до 11.99 год. плаќа 10 евра;
- второ дете на возраст од 3 до 11.99 год. плаќа 50% од цената за возрасен;
- дете над 12 години плаќа 80% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба);
*** За резервација потребна е авансна уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 5 дена пред пристигнување;
*** Политика за откажување на резервацијата:
- 30 дена пред пристигнување – се издава ваучер за ново користење
- 15 дена пред датумот на пристигнување - нема можност за ново користење.
*** Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.