facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Атина - Велигден и 1ви Мај

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
од 115€

АТИНА

Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.

Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи.

Атина може да биде град во кој ќе научите и видите многу историски, но и убави места, со еден збор претставува приказна која трае !

План и програма

ПРВ ДЕН 03.05.2024
Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
 
ВТОР ДЕН 04.05.2024

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека).
Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.

Заминување кон Глифада.
Сместување во хотел. Слободно попладне.

Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

ТРЕТ ДЕН 05.05.2024

Атина-Корнит-Пелопонез

Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.

Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 06.05.2024

Појадок.

Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.

Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Хотелско сместување со 3*

Сместувањето е во Глифада во хотел со 3* со вклучен појадок на база на шведска маса

ПРОМО ЦЕНА:  115 евра / 7.130 ден
РЕДОВНА ЦЕНА 149 евра / 9.238 ден 

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
  • Организиран разглед на градот со локален водич
  • Организација и водство на патувањетоо

Што не е вклучено во цената

  • Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
  • Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
  • Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите со водич:
    • Акропол 20е,
    • Микена 12е,
    • Епидариус 12е,
    • Посејдонов храм 10е
  • Патничко осигурување

Важно

  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба цената изнесува 159 евра
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
 

Факултативни излети

Сунион и Аполоновиот брег

Цена за пакет: 15 EUR

Кејп Суниоп е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.

Арголида-Пелопонез

Цена за пакет: 45 EUR

Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година  Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви ги честита Велигденските и Првомајските празници и
Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.