Eвтините пакет аранжмани и намалениот број на туристи во октомври ја прават Венеција совршена дестинација за вашата есенска авантура.
Макар поминале и само еден викенд, без сомнеж ќе уживате во Венеција облечена во есенско руво, со пријатна температура од 14-18 степени, совршена за разгледување и прошетки.
Ова се само уште 10 добри причини зошто треба да ја видите Венеција на есен:
- Задолжително напијте се кафе во познататакафетерија Florian на плоштадот Св. Марко.
За овој локал важи епитетот најстар во светот, и иако кафето не е евтино, сепак глетката вреди за секој потрошен цент.
Плоштадот Св. Марко е еден од најубавите во светот.
Дочекајте совршено изгрејсонце или зајдисонце со шолја квалитетно италијанско кафе.
- Вдишете ја историјата на Венеција додека шетате низ Дуждевата палата, повторно на плоштадот Свети Марко.
Ова е едно од најубавите архитектонски зданија сместено во срцето на Венеција, која истовремено е важен музеј.
Се поврзува со уште една зграда која во минатото била затвор, уште позната како Палата на затворите.
- Откријте го белиот мермерен Мост на воздишките. Додека го поминувате ќе ја видите последната глетка што ја гледале затворениците во минатото пред да ги однесат во нивните келии.
Не е никакво чудо од каде потекнува името на мостот кој е во непосредна близина на плоштадот.
- Што ги поврзува плоштадот Св. Марко и познатиот Риалто пазар? Секако, мостот Риалто.
Уште едно величествено мермерно здание кое е преполно со мали продавнички кои нудат прекрасен накит и сувенири.
- Да се изнајми гондола е прилично скапо, но затоа ја имате опцијата на т.н.„автобус на вода“ кој кружи низ венецијанските канали.
24-часовен билет чини 20 евра и може да го употребите онолку пати колку што сакате.
- Техниката на дување стакло е една од најавтентичните особини на Венеција, а може да ја откриете на островот Мурано.
Традицијата на дување стакло датира од далечната 1291 година.
- Вљубете се во бојадисаните куќички во најживите бои на островот Бурано, кој е вистинско рибарско селце.
Бурано е најколоритното островче во венецијанската лагуна, познато по шарените куќички и производството на чипка.
- На влезот на каналот Гранде пронајдете ја базиликата дела Салуте.
Поради нејзината октогонална форма и белиот мермер кој веднаш паѓа в очи, ова е една од најпопуларните атракции во Венеција.
- Инспирирајте се од уметничките дела на Пикасо и Енди Ворхол во Музејот на модерна уметност.
Ќе го пронајдете на каналот Гранде, на спротивната страна од плоштадот Св. Марко.
Колекцијата Peggy Guggenheim е една од напознатите музејски поставки во светот.
- Конечно, никако не испуштајте го времето за happy hour.
Најчесто се пие аперитив во 18 часот, а оди одлично со малечките вкусни италијански трамезини сендвичиња.