facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија

Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Pasqyra Beach во Албанија, која се наоѓа на само неколку часа од Македонија е избрана за плажа со најсина вода во светот. Со тоа ги победи плажите на Малдиви, Бора Бора и многу други рајски дестинации...

Дали знаете дека до плажата со најсино море на светот се стига за само неколку часа со автомобил од Македонија? 

Испитувањето за тоа кои плажи во светот имаат најсини води, ги направи туристичка агенција од Лондон, CV Villas, со цел да им понуди на своите клиенти можност да ги видат најсините води во светот.

Истражувањето е направено преку неедитирани фотографии преземени од Google Maps од 200 плажи ширум светот, по што експертите употребиле алатка за боја, за да го пронајдат RGB кодот на секоја вода.

Потоа ова го споредиле со најсината нијанса на сино во светот за да утврдат на која локација водата има најблиско совпаѓање.

И иако сигурно ќе си помислите дека таа се наоѓа на Малдивите или Бора Бора, сепак, испитувањата покажале дека Плажата на огледалата (Pasqyra Beach), има најсина вода

На листата од 10 плажи со најсина вода се наоѓаат дури 5 плажи во Грција, и тоа плажи кои се наоѓаат на Јонското Море.

Плажата на огледалата се наоѓа во близина на Ксамил, Албанија, а од кај нас лесно се стигнува со автомобил.

 

Таа се наоѓа во мал залив и нема многу место за поставување лежалки, па се препорачува да одите порано.

Просечната температура на воздухот е меѓу 21°C и 25°C во април и мај, а во јуни, јули и август меѓу 30°C и 34°C.

Кои други плажи се најдоа на топ 10 листата?

Pasqyra Beach, Албанија
Paralia Mpouka, Грција
Kassiopi, Грција
Plage de la Vernette, Франција
Kaputas Beach, Турција
Voulisma Beach, Грција
Foki Beach, Грција
Praia do Carvalho, Португалија
Omprogialos, Грција
Los Lances Beach, Шпанија

Доколку сте заинтересирани за лето 2024 за Ксамил кликнете ТУКА

ДОБИЈТЕ ПОВЕЌЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО!

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.