facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила Палма - Бечиќи

1 Лице 9 Ноќи 10 Дена
од 310€

БЕЧИЌИ е познато летувалиште кое се наоѓа на 4км од центарот на Будва. Карактеристично по неговата долга и широка песочна плажа од скоро 2км. Бечичи е центарот на туризмот и во овој дел се наоѓаат најголемите луксузно хотели, има огромен број на ресторани и кафулиња. Шеталиштето во Бечичи ќе ве однесе директно во Стариот град во Будва.

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.Вилата располага со ½ и 1/3 соби како и 1/3 и ¼ студија. Студијата се со комплетно опремена кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима (вклучена во цената), тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Појадокот е од 07-10часот, а вечерата од 17 до 20часот. Вилата нема сопствен паркинг.


20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТИ ДО 15.01.2024

смена период Вила Палма
1 11.06-20.06 310
2 20.06-29.06 320
3 29.06-08.07 330
4 08.07-17.07 350
5 17.07-26.07 370
6 26.07-04.08 370
7 04.08-13.08 370
8 13.08-22.08 360
9 22.08-31.08 350
10 31.08-09.09 320
11 09.09-18.09 310

* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

  • (9 или 7 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз)
  • Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
  • Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба
  • Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба
  • Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
  • Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра ).
  • Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
  • Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица.

    Поаѓање за Црна Гора:
  • Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот 
    •  Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
    • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
  • Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,
  • ТА Орбита не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.