facebook    instagram  | +389 75 845 711 |  orbita_info@yahoo.com | понеделник - петок:  08:00 - 20:00   сабота: 09:00 - 15:00                                        Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Fiore" - Парга

7 Ноќи 8 Дена
цени од 99€

Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Студиа Фиоре Б кат. – Парга – 180 метри од плажа(идиличната Писо-Kрионери), со одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се  опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија, секои 3 дена чистење на апартманите. Студијата се со модерен дизајн и соодветна пространост, идеални за комфорен семеен одмор, некои се со поглед на  море, а некои од сместувачките единици се во сутерен, па ве молиме да се информирате во агенцијата каков тип резервирате.

Парга-бисерот на Јонско море
Попусти за рана уплата : -15% до 30/11/2023 -10% до 31/12/2023 -7% до 28/02/2024
Напомена: корегирани термини 06/12/2023
Вила Фиоре Бкат. – Парга 1/2 ст.сутерен 1/3+1 студ. сутерен 1/2 сту.спрат 1/2+екс. Спрат 1/4 студио 1/2+2 АПП сутер.
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем
21.05.-28.05.2024 99 119 129 149 159 169
28.05.-04.06.2024 109 129 149 159 179 189
04.06.-11.06.2024 169 189 169 179 199 209
11.06.-18.06.2024 219 249 259 269 289 319
18.06.-25.06.2024 289 309 329 339 369 379
25.06.-02.07.2024 309 329 349 349 379 389
02.07.-09.07.2024 349 369 379 389 429 439
09.07.-16.07.2024 429 449 459 469 489 509
16.07.-23.07.2024 459 489 499 519 549 559
23.07-30.07.2024 459 489 499 519 549 559
30.07-06.08.2024 459 489 499 519 549 559
06.08.-13.08.2024 459 489 499 519 549 559
13.08-20.08.2024 459 489 499 519 549 559
20.08-27.08.2024 459 489 499 519 549 559
27.08.-03.09.2024 419 439 449 459 499 499
03.09.-10.09.2024 379 399 419 429 459 469
10.09.-17.09.2024 259 269 279 299 319 339
17.09.-24.09.2024 239 249 259 289 309 329
  • Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
  • Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
  • Доплата за автобуски превоз 65 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци, охрид, Струга Ресен, 55 Еур од Битола.
  • Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена. Клима 7 Еур/ден.
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
  • Туристичката такса се плаќа на рецепција.

Вилата се состои од 12 сместувачки единици по следниот распоред:

  • број 1 и број 3 (тип на соба 3+1) сместени на сутерен, опремени со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
  • број 2 (тип на соба 1/2) сместена на сутерен, опремена со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
  • број 4 (тип на соба 2+1) сместена на 1 спрат опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
  • број 5 и 6 (тип на соба 1/2) сместени на 1 спрат, опремени со мини чајна кујна, додека главната кујна е заедничка за двете соби. Имаат тераса, сопствено купатило;
  • број 7 (тип на соба 3+1) сместена на 1 спрат, опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
  • број 8 и 9 (тип на соба 1/2) сместени на 2 спрат, опремени со кујна, имаат тераса, сопствено купатило;
  • број 10 и 11 (тип на соба 1/4) сместени на приземје, опремени со кујна, тераса со поглед кон улицата, сопствено купатило;
  • број 12 (тип на соба апартман 1/4) сместено на ниско приземје, опремено со кујна, тераса на задната страна и 4 засебни кревети, сопствено купатило.

Време на поаѓање кон Грција:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор)
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
  • 04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција:

(времињата се по МК време)

Бус Лефкада

  • Агиос Никитас 12.30 часот
  • Нидри 13.00 часот
  • Никиана 13.30 часот
  • Канали 14.15 часот

Бус Парга-Врахос

  • Врахос 13.00 часот
  • Амудиа 13.15 часот
  • Парга 13.45 часот

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

08:00 - 20:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.