facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Tasoula" - Лептокарија

7 Ноќи 8 Дена
цени од 89€

Вилата се наоѓа во централниот мирниот дел на Лептокарија, на само 20 метри од песочната плажа.
Студијата се наоѓаат на приземје и прв спрат и сите се со поглед према морето.
Мал но многу убаво уреден двор пред вилата, во непосредна близина ресторани, кафетерии, маркет..
Препорака за вистински одмор…..
Во студијата: опремена мини кујна, клима уред, безжичен интернет, балкун
Еден брачен кревет + еден единечен

Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун.
Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.
Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија.

Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија.
Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, лулашки….

Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани.
За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…

Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени.
Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….

Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите.
Местото има сè што му треба на еден град.

Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да пиете вода од чешма.
Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.

Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка..

Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца.
Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето.
Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте….. 

15 % попуст до 31.12.2023
10 % попуст до 28.02.2024 
Уплата 50 % при резервација и остатокот најдоцна 21 ден пред поаѓање 

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Термин 1/2 1/2+1
25.05.-01.06.24 89€ 109€
01.06.-08.06.24 139€ 159€
08.06.-15.06.24 179€ 189€
15.06.-22.06.24 209€ 229€
22.06.-29.06.24 249€ 269€
29.06.-06.07.24 289€ 309€
06.07.-13.07.24 329€ 349€
13.07.-20.07.24 349€ 369€
20.07.-27.07.24 389€ 399€
27.07.-03.08.24 399€ 419€
03.08.-10.08.24 399€ 419€
10.08.-17.08.24 399€ 419€
17.08.-24.08.24 379€ 389€
24.08.-31.08.24 349€ 359€
31.08.-07.09.24 299€ 319€
07.09.-14.09.24 269€ 289€
14.09.-21.09.24 199€ 219€
21.09.-28.09.24 129€ 149€

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Едно дете до 6 години може да користи заеднички кревет, (плаќа само за превоз)

Во цената Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио
  • Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за клима уред 5€ на ден (се плаќа во вилата)
  • Туристичка такса 1,50 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

Информации, услови, попусти

  • Цените обележани со црвено се промо цени
  • На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за редовни цени
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
  • Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
  • Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
  • Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
  • Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 115-160см со 180-190см

Напомена: Во зависност од бројот на патници наизменично можно е превозот да оди и преку Меџитлија и преку Евзони

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Град – место поаѓање возрасен дете 2-12 г
 Скопје – Дрводекор 04:00 45 € 35 €
 Велес – БП Макпетрол-кружен тек 04:30 45 € 35 €
 Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 € 50 €
 Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 € 35 €
 Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 € 35 €
 Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 € 30 €
 Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 € 30 €
 Струга – Хотел Дрим 02:15 50 € 40 €
 Охрид – БП Лук Оил излез Битола 02:30 50 € 40 €
 Ресен – Автобуска станица 03;15 50 € 40 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

Грчко време Македонско време Летовалиште
13:30 12:30 Неи Пори
14:00 13:00 Лептокарија
14:50 13:50 Паралија

ТА ОРБИТА го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

40.05901291725621, 22.568684789853336

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.