facebook    instagram  | +389 75 845 711 |  orbita_info@yahoo.com | понеделник - петок:  08:00 - 20:00   сабота: 09:00 - 15:00                                        Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Fotini" - Неи Пори

7 Ноќи 8 Дена
цени од 119€

Неи Пори е место, кое сеуште претставува нај урбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.

Се наоѓа на околу 200 метри од широката песочна плажа во Неи Пори, во близина на пазарот, забавениот парк….
Вилата Фотини располага со двокреветни и трокреветни студија со пространи тераси.
Вилата има посебна просторија за одмор на приземје која патниците можат да ја користат на денот на смената, од која влегувате во просторија со два тоалета и посебна бања.

Сите сместувачки единици имаат основно опремена мини кујна, фрижидер, садови (пропорционално на бројот на кревети), бања, тераса, телевизор и клима уред, безжичен (wi-fi) интернет.
Постелнината се менува еднаш за време на престојот. Вилата има сопствен паркинг простор.

Туристичка такса: 0,50 € по соба на ден (се плаќа на лице место, директно на сопственикот. Не е составен дел од аранжманот).

Ако објектот има wi-fi, тоа не значи достапност на мрежата во собите, обично рутерот се наоѓа во заедничките простории.
Исто така, wi-fi-то е генерално слабо, има голем број корисници, па затоа се очекува слаб проток.
Исто така, агенцијата не превзема одговорност во случај на прекин на интернетот во една од смените во текот на сезоната поради какви било околности (дефекти, раскинување на договорот со провајдерот од страна на сопственикот и обратно и слично). wi-fi не е задолжителен дел од опремата во апартмани и студија.

Во некои случаи, мерењата на креветите може да отстапуваат од нашиот стандард.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см на 180-200 см, француски кревет 115-150 см на 180-200 см.
Дополнителниот кревет во сите објекти во Грција е на преклопување, дрвени или метални конструкции или фотелји на преклопување, со помали димензии.

– 15 % до 31.12.2023
– 10 % до 28.02.2024
Уплата 50 % при резервација и остатокот најдоцна 21 ден пред поаѓање  

Цените се за наем на студио 8 дена / 7 ноќи

термини 1/2 студио 1/3 студио 1/3+1 студио
25.05.2024 119 139 159
01.06.2024 149 179 199
08.06.2024 199 229 259
15.06.2024  249 279 309
22.06.2024  289 319 339
29.06.2024  299 329 359
06.07.2024  319 349 399
13.07.2024  359 389 409
20.07.2024  369 399 409
27.07.2024  389 419 439
03.08.2024  389 419 439
10.08.2024  369 419 439
17.08.2024  369 399 419
24.08.2024  329 359 389
31.08.2024  289 329 359
07.09.2024  249 279 319
14.09.2024  189 219 239
21.09.2024  129 159 179

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:

  • 7 ноќевања
  • Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за клима уред  € на ден ( се плаќа во вилата )
  • Туристичка такса 0,50 центи на ден за соба (се плаќа во објектот)

Информации, услови, попусти

  • Цените обележани со црвено се промо цени
  • На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за редовни цени
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
  • Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
  • Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
  • Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
  • Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 115-160см со 180-190см

Напомена: Во зависност од бројот на патници наизменично можно е превозот да оди и преку Меџитлија и преку Евзони

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Град – место поаѓање возрасен дете 2-12 г
 Скопје – Дрводекор 04:00 45 € 35 €
 Велес – БП Макпетрол-кружен тек 04:30 45 € 35 €
 Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 € 50 €
 Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 € 35 €
 Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 € 35 €
 Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 € 30 €
 Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 € 30 €
 Струга – Хотел Дрим 02:15 50 € 40 €
 Охрид – БП Лук Оил излез Битола 02:30 50 € 40 €
 Ресен – Автобуска станица 03;15 50 € 40 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

Грчко време Македонско време Летовалиште
13:30 12:30 Неи Пори
14:00 13:00 Лептокарија
14:50 13:50 Паралија

ТА ОРБИТА го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

39.97376538683556, 22.656073954220382

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

08:00 - 20:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.